Загина Ueli Steck човекот кој пробиваше секакви физички и медицински лимити

Training_1 Ueli Steck

Денес рано изутрина во несреќен инцидент на Еверест загина Ueli Steck, човекот кој пробиваше секакви физички и медицински лимити во зоната на планинарењето и алпинизмот.

Меѓу аутдор заедницата познат како “швајцарската машина” Ули Штек беше навистина екстремен спортист, и не така одамна низ периодите и годините наназад пробиваше разни рекорди во планинско трачање, искачување и алпинизам. Еден од неговите пообемни проекти беше искачување на сите 82, 4000ки на Алпите за само два месеци во 2015 година, прво соло искачување на Анапурна, брзински рекорди на комплексниот Ајгер, Матерхорн итн.

Неговиот последен амбициозен проект беше тековното искачување на Еверест и Лотце без асистенција од кислород преку комплексна рута до Еверест која првпат е искачена 1963 и никогаш не е повторена, заедно со својот пријател и асистент шерпасот Тенџи. За кој како што самиот изјави “Ме прави среќен затоа што тој навистина се интересира за планините и искачувањето, а не само за шерпа бизнисот, што навистина преставува голема промена овде во Непал”

Пред овој последен негов проект околу дефиницијата за успех, изјави “За мене неуспех е само ако загинам на планина, сето останато е веќе успех”

Едно од последните негови интервјуа деновиве во Базниот камп под Еверест.

Проектот Еверест – Лотсе

 

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки