Искачување на Чеплес – Солунска Глава

solunska-glava

Следи го настанот

Екипата на I love hiking – group Macedonia овој 5-ти ноември се приклучува кон програмата и акцијата на планинарски спорски клуб Чеплес.
Како што и знаете од местата кoи беа одвоени за нас повеќе НЕМА СЛОБОДНИ МЕСТА, а и многу луѓе чекаат за да се ослободи место.
Сите оние што нема да ги подмирите трошоците за превоз и спиење до 30.10.2017 г. (понеделник) , по автоматизам го губите местото и на ваше место доаѓа оној кој е следен на листата за чекање.

ПРОГРАМА:
САБОТА:
– Поаѓање од Пошта 2 на Железничка станица во 07:30 часот со комбиња.
– Пристигнување во с.Папрадиште – од селото до Домот има 2 часа одење.
– Слободни активности (Забава)
*** ЗАБАВАТА ТРАЕ ДО 00:00 часот
НЕДЕЛА;
– Поаѓање кон врвот во 07:00 часот
– Искачување на Солунска Галва 2540 метри.
– Предвиден ручек во домот 14:00
*** СЕКОЈ Е ДОЛЖЕН ДА СИ ЗЕМЕ ПРИБОР ЗА ЈАДЊЕ ОД СКОПЈЕ…
– Спуштање кон Папрадиште и упатување кон Скопје.

ОПИС НА ПАТЕКАТА:
– Од папрадиште до пд.Чеплес има 4,5км и висинска разлика од 520 метри. Се искачува релативно брзо 2 часа
– Од пд Чеплес со врвот Солунска глава има 7,5 км во правец и висинска разлика од 1150 метри, Просечно искачување од 4 часа.
– Врвот се затвара надоцна до 12:30 часот . Спуштање кон планианрскиот дом, гравче, спуштање до с. Папрадиште.

ПРИЈАВУВАЊЕ И ПЛАЌАЊЕ:
Цената за тие што ќе спијат во НОВИОТ дел е 800 ден
Цената за тие што ќе спијат во СТАРИОТ дел е 700 ден
Контакт лице Дејан. Најдоцна до понеделник 30 октомври.
На состанокот на друштвото во “СКВИЗ МЕ” од 20:00 часот.

ЛИНК ОД ОРГАНИЗАТОРОТ
https://www.facebook.com/events/118289352201248/
За сите подетални информации тел 078449015 Тодорче Ѓоргиев
Планинарски Водич и Организатор на настанот

ПОТРЕБНА ОПРЕМА И УСЛОВИ:
– психофизичка подготвеност за пешачење по планина;
– високи разгазени чевли ;
– топла облека која штити од ветер;
– ракавици и капа;
– планинарски стапчиња;
– облекување во слоеви.

ИСХРАНА:
– секој сам си носи исхрана од ранец за 2 дена;
– вода 1,5 л.;
– суво овошје, сендвичи и сл.

НАПОМЕНА:
– Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици;
– Наведените планинарски акции се организирани и движењето се одвива во група предводена од организаторот и водичите.
– Организаторот и водичите имаат право да ИСКЛУЧАТ член пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.
– Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.
– Организаторот и водичите го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки.

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки