Навивај и бодри ги оние кои се спремни да се соочат со силата на Крали Марко

17103454_Krali Marko Trails KMT

Овој викенд, почнувајќи од денес 22 до 24 септември, се одржува трката, “Крали Марко Треилс” – трката за јунаци, доколку немате план што да правите викендов, бидете дел од публиката која ќе ги бодри сите оние ултра натпреварувачи кои се спремни да се соочат со силата на Крали Марко. Стартот на трките е во Варош, Прилеп

Ако сте љубители на трчањето и престојот во природа, имате авантуристички дух или пак едноставно сте во потрага по предизвик повеќе кој тешко се заборава, ви предлагаме да ја посетите Крали Марко Треилс – трката за јунаци. Од 22 до 24 септември оваа година, во Варош – Прилеп ќе се одржи седмото издание на трката во планинско трчање Крали Марко Треилс. Оваа најстара и најмасовна планинска трка кај нас која има меѓународен карактер од година во година се повеќе расте.

„Со оглед на се поголемата популарност на овој спорт и бројот на луѓе кои го практикуваат, очекуваме годинава трката да биде убедливо најмасовна кога е во прашање бројот на учесници. Како и на изминатите шест едиции, очекуваме присуство на тркачи од повеќе балкански, европски и светски земји’’.- вели Игор Јовановски, директор на трката.

Повеќе детали околу настанот

Krali Marko Trails Trka za junaci

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки