Незадржливата Shiffrin ја освои осмата трка сезонава во Алпско скијање

113703_G08_W01 fis

Крањска Гора, Словенија – Лидерот во секупниот поредок на Светскиот Куп Mikaela Shiffrin продолжува со неверојатни трки со победа во Веле Слаломот во Крањска Гора во саботата, што е нејзина осма победа во сезоната.

И покрај тоа што се бореше со вирус и со дожд кој паѓаше на патеката 22 годишната американка успеа во двете возења да оствари вкупно време од една минута и 47.40 секунди, што беше за 0.31 секунди пред најблискиот ривал Tessa Worley од Франција додека италијанката Sofia Goggia заврши трета.

Shiffrin, води во вкупниот пласман во Светскиот Куп со 1,181 поени со огромна предност од 647 поени пред второ пласираната Viktoria Rebensburg од Германија.

Оваа сезона таа освои три Слалом трки, две Слалом трки и еден паралелен Слалом, еден Спуст и настанот во Осло.

Со трета победа во ред во Светскиот куп во сите дисциплини, а нејзина шеста во последните седум трки – влегува во топ форма само на еден месец до Зимските Олимписки игри во Pyongyang.

За Shiffrin е во очекување дека ќе ја одбрани Олимписката титула во Слалом која ја освои на игрите во 2014 година но да биде во потесната конкуренција за златен медал во Веле Слалом и Super G.

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки