Слаб интерес за ЗОИ 2018 во Пјонгчанг, па влезниците се делат на лотарија

pyeongchang2018 615x400

Зимските олимписки игри кои треба да се одржат од 9 до 25 февруари 2018 година во Пјонгчанг, се на праг да дожиеват комплетен неуспех во однос на посетеноста. Влезниците за олимписките натпревари се пуштени во продажба, но резултатите од продажбата се разочарувачки. Голем дел од влезниците веќе почнаа да се делат на лотарија.

Малата популарност на зимските спортови во Ј. Кореја, и уште повеќе политичката напнатост на полуостровот се главните причини кои драстично го намалуваат интересот на гледачите да присуствуваат на ЗОИ 2018.

Точно е дека првата фаза од продажбата на влезниците има разочарувачки резултати. Ќе дадеме се од себе да внесеме што повеќе олимписки ентузијазам  и со повеќе настани да привлечеме посетители“ – изјавија од олимпискиот организациски комитет за ЗОИ 2018.

За ЗОИ 2018 постојат 1.18 милиони места, а засега се резервирани само 162.000 од кои 52.000 се поделени со лотарија. Од организацискиот комитет на ЗОИ 2018 најавија дека преку лотарија ќе бидат поделени уште 600.000 влезници.

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки