Љуботен 2.499 мнв за 13ти Ноември

ljuboten-livadicko-sneg (3)

Следи го настанот

Љуботен е висок 2499 метри. Иако не е највисок врв на Шара, поради своите црти и поради издвоеноста од другите, тој е највпечатлива шарпланинска точка, и еден од најубавите врвови на Шара. Поради својот облик на пирамида, и поради својата забележливост од сите страни и од поголеми далечини, за Љуботен се искористени многу епитети – тој е моќен, грамаден, величествен, импресивен, кршен, горд, волшебен… Ова доволно зборува за него.

Од исток и југ тој е богат со шума, а над самиот шумски појас од двете негови страни се простираат големи пасишта. На југозападната страна, веднаш под врвот, се наоѓа најголемиот каменест варовнички сипар во Македонија и пошироко, кој популарно е наречен Козја Карпа. Од Љуботенскиот масив се формираат неколку реки: Јажиначка, Страшка, Глобочичка, Љуботенска, Мала Река, итн.

Искачувањето на врвот Љуботен по повод 13ти Ноември претставува традиционална акција во чест на празнувањето на Денот на град Скопје. Токму прекрасниот врв Љуботен кој плени со својата убавина, специфика и поставеност е дел од Грбот на Градот Скопје.

Традиционално искачување на врвот Љуботен на Шар Планина ќе се одржи на 12 Ноември 2017 год. со цел одбележувањето на 13 Ноември, денот на ослободувањето на градот Скопје.

Патеката до врвот Љуботен (2.499 метри) од почетната точка во Старо Село е долга околу 20 км во двата правца. Од Старо Село (700мнв) до планинарскиот дом Љуботен се пешачеше неполни два часа, а од Домот до врвот уште два часа.

Карактеристични точки:
• Старо Село – 700 мнв
• Планинарски дом Љуботен -1.622 мнв
• Врв Љуботен -2.499 мнв
• целосно маркирана планинарска патека која поминува низ шумски терен, а од домот до врв продолжува по пасишен и каменит терен. Вода има само во првиот дел од патеката.

Очекувано пристигнување на врвот околу 12 – 13ч. Краток одмор за фотографирање и закрепнување, потоа враќање назад во планинарскиот дом. ВРВОТ СЕ ЗАТВОРА ВО 13.30ч. СИТЕ УЧЕСНИЦИ КОИ ДО ТОЈ МОМЕНТ НЕ СТИГНАЛЕ НА ВРВ СЕ ДОЛЖНИ ДА СЕ ВРАЌААТ КОН ПЛАНИНАРСКИОТ ДОМ ЉУБОТЕН.
Вкупно времетраење на турата е од 7 до 8 часа.

Поаѓање на автобусите од Скопје е пред Паркинг на Пошта 2 – Железничка станица во 06ч. Попатни станици кај Градежен факултет, хотел Карпош, Сити мол и бензинска пумпа Макпетрол на излез на Скопје.

Пристигнување во Старо Село (700м.н.в.) околу 07.30ч.

ПОТРЕБНА ОПРЕМА : планинарски кондури, кабаница за дожд, капа, ракавици, стапчиња, облека според временските услови, 1л вода. Храна од ранец.
НАПОМЕНА: учесниците треба да поседуваат соодветна психофизичка подготовка и треба да се придржуваат до инструкциите на водичите.
Цена за превоз: 300 денари.
Уплти може да се направат во продавницата пред студенсткиот дом Кузман Јосифовски Питу.
Пријавување за акцијата и набавка на карти најдоцна до петок 10.11.2017 г
Лице за контакт тел.070/641-998 Зоран Костадинов

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки