05 – 14 jaнуари 2018 ЗАКОПАНЕ – Полска

46568_691_z ski zakopane poland

ПСД Макпетрол организира, следи го настанот

Закопане е највисокиот град во Полска. Градот лежи на надморска височина од 750-1126 м. Има околу 30.000 жители. Во Закопане има шест музеи и пет галерии. Но најпознат е како ски центар од светски ранг. Во него се одржани многу светски првенства во класично скијање, во биатлон, во лизгање, во ски скокови и др. Заедно со Краков и со ски центарот Јасна во Словачка Закопане прави напори да биде домаќин на зимските олимписки игри во 2022 година.

ПРОГРАМА:

05 јануари 2018 (петок) – Во 17:30ч. поаѓање од Скопје – железничка станица паркинг пред Пошта. Ноќно возење кон Закопане со попатни паузи.

06 јануари 2018 (сабота) – Пристигнување во Закопане околу пладне. Сместување во хотел. Слободно попладне. Можна посета на аква парк. Ноќевање.

07 – 12 јануари 2018 – Престој во Закопане.

13 јануари 2018 (сабота) – Доручек. По доручекот се одјавуваме од хотелот и до 18ч. го користиме времето за скијање или други активности. Во 18ч. заминување за Македонија.

14 јануари 2018 (недела) – Пристигнување во Скопје во раните попладневни часови.

ЦЕНА – 225 евра.

Во цената е пресметано: превоз со автобус / минибус, 7 ноќевања со појадок во хотел со 3 ѕвезди, организација и реализација на патувањето. Можна е доплата за 7 вечери – 45 евра. Хотелот е во тесното централно подрачје на Закопане.

Во цената не е пресметано: патничко осигурување, ски билети, и се она што не е предвидено со програмата.

ПРИЈАВУВАЊЕ – по mail, на состаноци на друштвото или на телефон: 070 725-880 / 070 200-506. ПРИЈАВУВАЊЕ и УПЛАТА до пополнување на местата во превозното средство.

НАПОМЕНА – за реализацијата на програмата потребна е група од 45 / 25 особи.

ВОДИЧ – Никола Доновски

winner-baner-300x250-2

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки