По една недела на Пирин пронајдено тело на исчезнат турист

Вести

По една недела потрага, на планината Пирин во Бугарија е пронајдено телото на туристот Пламен Христов (69), кој се водеше за исчезнат, јави бугарскиот порталот „24 часа“. Телото е пронајдено под врвот Вихрен, а до него е пронајдено уште едно тело на маж (на околу 60-70 години), кое не е идентификувано, но се претпоставува дека е македонски државјанин бидејќи кај него се пронајдени македонски денари.

Во досегашниот обид за идентификација, проверено е дали има пријавено исчезнати лица од Сандански, Банско и околината, а според наводите во бугарските медиуми се проверува и според евиденциите во хотелите.

Спасувачите претпоставуваат дека телото на второто лице е некој што веројатно вчера тргнал да го бара исчезнатиот Христов и се обидел да му помогне.

Воен хеликоптер од марката „Кугар“ правеше увид на теренот за да процени дали може да се вклучи во операцијата на извлекување на загинатите.

Последните информации се дека се прави организација да се испрати тим од уште дваесетина спасувачи од Благоевград, Ќустендил и Софија со оглед дека првичните очекувања не биле дека ќе треба да се извлекуваат две тела.

Според најавите, со оглед на непристапниот терен, акцијата на извлекување може да трае и 20 часа.

Претходен написи
Ски симулаторите нова форма на физикална терапија
Следен напис
Викенд планинска прогноза 7-8 јануари