Алпските центри може да изгубат до 70% од снегот

alpi ski centar snow_2461701398

Додека низ Македонија се занимаваме со вчерашните приказни кој јадел и кој што пиел, паметните луѓе низ Европа се занимаваат со теми кои несомнено ќе имаат се поголемо влијание на реалниот туристички сектор, кој посебно во Швајцарија, Франција и Австрија носи големи приходи за богат живот на локалното население.

Алпските ски центри може да изгубат дури до 70% од својата снежна покривка до 2100 година, велат експертите. Оние кои се занимаваат со оваа проблематика низ нова анализа согледуваат дека глобалното затоплување може да ја промени сликата низ алпските ски региони заменувајќи го снегот со дожд.

Дури и во најдоброто сценарио, глобалното затоплување ќе придонесе снегот да се замени со дожд дури и на алпите, според European Geosciences Union (EGU).

Тоа во голема мера ќе има сериозен економски импакт врз населените места и села кои пред се зависат од зимскиот туризам. Минатата година Швајцарските Алпи го имаа својот најсушен декември според статистичката евиденција која наназад се мери веќе 150 години (пазете 150 години некој мерел таму, бил свесен правел записи), а 2016 година беше трета по ред која за Божиќ има малку снег, кога многу туристи за празниците практикуваат одмор и скијање.

Ако глобалното затоплување според Парискиот договор за климатски промени успее да се лимитира до 2 степени кој е поставен како таргет, тогаш алпите би изгбиле до 30% од вкупните снежни врнежи, во спротивно мрачната прогноза од 70% не ни бега. Најпогодени би биле зоните до 1200 метри, кои на долг рок би можеле целосно да се збогуваат со снегот.

Истражувањето е спроведено од научници од швајцарските центри, Institute for Snow and Avalanche Research (SLF) и Cryos Laboratory од École Polytechnique Fédérale.

2FA5F72500000578 alpi ski centar snow

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки