Алтернативна дестинација за истражување – Нов Зеланд

1467365037 new-zealand-winter_h

Ако сте љубители на алтернативни дестинации и ви сметаат парите во џебот. Нашето лето е нивна зима, нивната ниска туристичка сезона е точно кога ви треба најмногу одмор, меѓу јуни и август. И да, ладно е и ќе врне, но во Нов Зеланд ќе врне без разлика во кој период од годината би отишле. А во овој наш летен период од годината, Нов Зеланд е релативно достапен.

Најскап дел од патувањето е секако авио картата која чини околу 1500 евра ако мислите да се вратите т.е повратна. После тоа ви преостанува да изнајмите некое камперско комбе кое чини 20 евра дневно, цена која е за пола од цената во декември и да одите каде што сакате, планина, долина, снег, ски туринг или точак.1467365037_Imge tour

Доколку сакате да поминете во поголем комфор од камперско комбе, можете да посетите хотели, кои во нивната ниска сезона, се со попуст за скоро половина од цената. Проверете ги незадолжително  Takatu Lodge and Vineyard или Magic Cottages on the Takou River.

Моменти кои треба да се имаат во предвид, во периодот од јуни до август заради слаба фрекфенција некои туристички објекти и домови не работат. Новозеланѓани користат зимска пауза најчесто низ ски центрите околу Квинстаун, тогаш е топ ски сезона во јужниот дел, а и цените се погоре од вообичаеното. Ски центри во регионот на Квинстаун, Coronet Peak, The Remarkables, Cardrona, Treble Cone.

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки