Антонио Ристевски заедно со Ставре Јада ќе бидат дел од ЗОИ 2018

После една и пол година заврши квалификацискиот циклус за Зимските олимписки игри во Јужна Кореа. Нашиот најдобар скијач во Алпско скијање, Антонио Ристевски успеа да постигне олимписка А норма и да обезбеди простор за натпревари со најдобрите на Олимписките игри кои ќе се оддржат од 9 до 25 февруари во PyeongChang. Како што ни изјави, се чувствува во добра форма, а потврда се и последните трки и натпревари каде и ја исполни нормата за учество. Покрај Антонио Ристевски, заедно со него, учествува и натпревари ќе има и Ставре Јада во скијачко трчање. Ставре Јада оствари одличен резултат на трката на 10 километри во нордиско скијање во Стрбшке Плесо во Словачка и обезбеди олимписка норма. Кај жените, младата Викторија Тодоровска која има само 17 години ќе биде една од претставниките на Македонија на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, Јужна Кореја. Таа ќе се натпреварува во нордиско скијање, и веќе има постигнато „Б“ олимписка норма

Antonio Ristevski fis solden

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки