Балканска триологија – Рекордот се притиска надоле

Момците Александар Кирковски , Дејан Тодевски придружувани од Филип Тодоровски продолжуваат да притискаат на времето кое е потребно да се искачат трите највисоки планински врвови на балканот, Вихрен, Мусала и Митикас. Ако ги ставиме пресметките и нивната форма тогаш во следниот обид ќе треба да се поработи малку на шоферот што ќе вози доволно брзо, дури и тоа станува предизвик во вакви обиди да се спушти некој рекорд. Тие викендов реализираа ново рекордно и неверојатно време 17 часа и 55 минути со вкалкулиран превоз до сите три точки.

Инспиративен потег и активности кои покажуваат на кое ниво е планинарството, посебно за оние кои често се на планина. Брзинското искачување (планинско трчање) е можеби последната фаза во планинарењето (крила за летање немаме) која после многу искачени врвови, рути и формата која паралелно се гради, вродува со издигнување и достигнување на нови повисоки нивоа и граници.

21106829_aleksandar kirkovski dejan todevski filip todorovski

Балканска триологија  – технички податоци
Трите највисоки врвови поминати
за 17ч : 55м воедно и рачунат и превозот помеѓу врвовите, и срушен рекордот
од 19ч : 23м кој беше поставен на 2 август.
Стартот овојпат беше обратен стартувавме од врвот Мусала во 00 : 00 часот по локално Бугарско време. 
Овој пат бевме тричлена екипа Јас, Александар Кирковски, Филип Тодоровски.

Прв врв Мусала 2925м.н.в

Искачена висинска разлика 1481м д+
со поминати 23.70км

Време за нагоре 2ч : 06м :50с
Време за надоле 1ч : 43м
Вкупно време 3ч : 50м : 32с
Гпс запис:
http://www.movescount.com/moves/move174028811

Потоа се упативме кон Банско вториот врв Вихрен 2914м.н.в

Втотиот врв Вихрен 2914м.н.в

Искачена висинска разлика 916м д+
со поминати 6,51км

Време за нагоре 56м
Време за надоле 45м : 50с
Вкупно време 1ч : 41м : 51с
Гпс запис:
http://www.movescount.com/moves/move174028786

Откако го качивме и симнавме Вихрен се упативме кон Грција, односно местото Приони од каде требаше да стартуваме за врвот Митикас.

Третиот врв Митикас 2918м.н.в

Искачена висинска разлика 1810м д+
со поминати 17,72км

Време за нагоре 2ч : 33м : 46с
Време за надоле 1ч : 37м : 04с
Вкупно време 4ч : 10м : 54с
Гпс запис:
http://www.movescount.com/moves/move174028775

Вкупно искачена висинска
разлика 4300м д+
Истрчани километри 48
За време 9ч : 41м
Вкипно време со возење 17ч : 55м ( Дејан Тодевски, Александар Кирковски)
Филип Тодоровски финишираше
за 18ч : 30м
И поминати километри, и поправка од минатиот пат 520км
И искачување на сите три највисоки врва на Балканот Митикас, Вихрен, Мусала.

21106669_aleksandar kirkovski dejan todevski filip todorovski

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки