Бесплатна обука – Заработувај од рурален туризам!

24173679_lokalna agencija za razvoj strugaСледи го настанот

ЦЕЛ НА ОБУКАТА е да ги мотивира учесниците да размислуваат претприемачки, да почнат да ги препознаваат можностите во нивното место на живеење, и да научат како да ги комерцијализираат и понудат на пазарот. Ќе научат да изработат бизнис план за нивните идеи и да го презентираат пред публика. Обуката трае три дена, и ги опфаќа следниве теми: Рурално угостителство Храна и Пијалоци Претприемништво во рурални средини ЗНАЕЊА И ВЕШТИНИ КОИ ЌЕ ГИ ДОБИЕТЕ НА ОВАА ОБУКА – Како да почнете бизнис во вашето село? – Какви се активности можете да им понудите на туристите за да останат подолго во вашето село? – Како да почнете да ја уредите вашата куќа за да биде приспособена за туризам? – На кој начин да ги приготвувате и послужувате јадењата за да бидат „етно“ – Како се создава „етно“ стил? „Етно“ куќа? – Особини на идеален домаќин/ка на туристичко-селско семејно домаќинство – Како да направите цена на производот/услугата? – Како да привлечете клиенти? – Како да бидете конкурентни? – Како треба да изгледа една соба/сместување во селска куќа – Кои се стандардите во другите земји – Како да создадете специјални менија со локалните производи? – Атрактивни начини за сервирање и нудење на домашна храна и пијалоци – Постапки за заштита на традиционалните производи – Процедури и законски регулативи за собирање и нудење на лековити билки, зачини и печурки во гастрономската понуда – Начини за производство на лековити еликсири кои може да се вклучат во гастрономската понуда Напомена: Обуката и сместувањето се покриени од страна на организаторот (ГИЗ), избраните учесници треба да ги покријат само патните трошоци. Опис на состојбата: Селата во пограничниот регион Македонија-Албанија имаат голем потенцијал за развој на туризам, и се очекува се повеќе туристи да ги посетуваат руралните средини.

IMG_20170619_125715_kjurkov dol bistra mavrovo

Во таа насока (Германското Друштво за Интернационална Соработка-ГИЗ) веќе неколку години вложува големи средства во развој на планински туризам, и инвестира во изградба на долга планинска патека која би ги поврзала планинските масиви Галичица, Јабланица, Кораб и Шар Планина. Жителите кои живеат во овие локации би можеле да имаат директна корист од туристите кои ќе планинарат и ќе имаат потреба од храна, сместување и други туристички услуги. Оваа обука има за цел да ги подготви и мотивира жителите од руралните средини да започнат бизнис или други комерцијални активности поврзани со туризмот во нивното место на живеење како би можеле да го опслужат растечкиот број на туристи кои ќе ги поминуват и ќе ги посетуваат овие планини, национални паркови и населени места.

ЗА КОГО Е ОВАА ОБУКА: Жители од селата на Галичица, Јабланица, Кораб и Шар Планина и националните паркови Галичица и Маврово поточно: – невработени, – повратници од Германија и странство кои сакаат да започнат бизнис во родното место, – туристички водичи, – изработувачи на ракотворби, – производители на храна и пијалоци, – земјоделци, – луѓе кои нудат или би сакале да нудат сместување – спортски и планинарски клубови од регионот, – и сите останати кои би сакале да научат начини како можат да заработуваат од туризмот живеејќи на село КОГА И КАДЕ 08-10 декември 2017 – Маврово 13-15 декември 2017 – Вевчани 20-22 декември 2017– Маврово Обуките ги спроведува Локална Агенција за Развој – Струга. Овие обуки се дел од проектот „Идни перспективи преку планински туризам“ спроведуван од ГИЗ – (Германското Друштво за Интернационална Соработка) во перидот од август-декември 2017.

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки