Боде Милер ја завршува плодната кариера

107892_G08_W01 fis Bode Miler

Легендата на американското, а секако и алпско скијање,  четириесет годишниот Боде Милер официјално ја завршува својата богата кариера. Тој објави дека повеќе нема сили да се натпреварува и официјално ја завршува кариерата.

„Кариерата ми беше долга и повеќе немам снага и желба за натпреварување“ изјави Милер.

Неодамна го прослави својот 40-ти роденден, а последните натпревари ги возеше пред две години.

Милер оствари 33 победи во сите пет дисциплини. Светскиот куп го освои два пати, четири пати беше светски првак, а има и едно олимписко злато.

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки