Државно првенство во скијање за основни и средни училишта Копанки Пелистер 2018

pelisterski veleslalom 2015 kopanki 4

На 16.02.2018 година (петок) со почеток во 11 часот во Ски – центарот „Копанки“ на Пелистер ќе се одржи
Државно првенство во скијање за основни и средни училишта во машка и женска конкуренција. Првенството е во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија во соработка со Сојузот на училишен спорт Битола, Скијачката Федерација на Македонија, во техничка организација на Скијачкиот клубот „Пелистер“ и Ски – центарот „Копанки“.

Натпреварите ќе се одржат во ВЕЛЕСЛАЛОМ и право да учествува има секој општински центар со натпреварувачи во секоја категорија. Котизацијата за учество во висина од 100 денари е на товар на натпреварувачите.

Пријавувањето за учество на Велеслаломот за деца е најдоцна до 15.02.2018 година на e-mail: osusbitola@yahoo.com во следниве категории:

I.Одделенска настава (трето, четврто и петто одделение) – машки и женски.
II.Шесто и седмо одделение – машки и женски.
III.Oсмо и деветто одделение – машки и женски.
IV.Прва и втора година средни училишта – машки и женски.
V.Трета и четврта година средни училишта – машки и женски.

ПРАВО НА УЧЕСТВО: – Основни училишта родени 2002 и помлади.
– Средни училишта родени 1998 и помлади.

Пријави на лице место нема да се примаат.

Пријавата преба да содржи име и презиме на ученикот, категорија во која се натпреварува, име на училиште и професор водач на учениците.

Сите натпреварувачи ЗАДОЛЖИТЕЛНО да носат заштитна капа (кацига).
На натпреварувачите без кацига нема да им се дозволи да се натпреваруваат.

Првопласираните учесници (прво, второ и трето место) добиваат медал и диплома, а професорите дипломи за учество.

Повеќе информации на: 075/414-341и 071 / 222 – 960.

28.03.15 kopanki

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки