Ехото на Шара најдалеку се слуша

22713174_Leshnica Shar planina sreden kamen
Следи го настанот
Шар Планина и по речиси две децении нема статус на национален парк. Платформата Пријатели на Шара се залага оваа планина да се заштити и лобира процесот за прогласување на Шар Планина да се забрза. Истовремено локалното население бара контролирано управување со ресурсите на Шара бидејќи постојат илегални активности и гледа како природата се уништува со децении наназад. Во рамки на Ехо фестивалот за планински филм во делот на споредната програма којашто ќе се одвива на просторот над бифето во Кино Фросина ќе прикажеме две кратки видеа и еден краток документарец изработени од ПАН продукција, Тетово, Види Вака и Плоштад Слобода - Freedom Square кои се однесуваат на предизвиците за заштита на Шар Планина. Ве покануваме да не поддржите во нашата мисија и да дискутираме за тоа што секој од нас може да направи за Шар Планина и за идните генерации. Се гледаме во кино! Пријатели на Шара

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки