ЕЛЕМ доби 90 дена забрана за градежни активности на новиот шестосед на Попова Шапка

14890612_shar planina shestosed zicnica popova sapka
wi-fi шестосед жичница , Попова Шапка

Веројатно сме и рекордери во светски рамки по времето потребно да се изгради една шестосед жичница, период кој трае 2 години, а ако го вклучиме и периодот за набавки, добавки и прибавки тоа сигурно е рекорд. После повеќе од неколку децении на статус кво ситуација, каде на Попова Шапка не е ставена една чечкалица, а камо ли нешто повеќе, сведоци сме на породилни маки за една шестка која треба делумно да ги подобри перформансите на центарот.

При последната контрола од Државниот инспекторат за животна средина, АД„Електрани на Македонија“ доби забрана за продолжување со градба на шестоседата жичара на Попова Шапка во рок од 90 дена, бидејќи во контролите направени на 5-ти и 6-ти овој месец, било утврдено дека било поместена локацијата за изградба на приемната станица за жичарата.

Мирослав Богдановски, директор на Државниот инспекторат за животна средина „Писмено не бевме информирани за поместување на локацијата. При надзорот побаравме документација, односно нова дозвола за градба, измена на елаборат за животна средина и мислење од Министерството за животна средина, кои не ги добивме. Следниот ден на шести октомври, при повторен надзор затекната е на самото место фирма Декон Ком од Скопје, која не поседуваше соодветна документација. Инспекторатот издаде решение со забрана за работа на ЕЛЕМ и фирмата Декон Ком за вршење секакви градежни активности во ова подрачје. Од Општина Тетово добивме записник и негативно мислење за изведената градба“,

По овие 90 дена, што е максимален законски рок за забрана што може да ја издаде Инспекторатот, повторно ќе направат контрола, а следната недела договорена е средба со претсавници на АД ЕЛЕМ за да се направи увид во документацијата, што ја има оваа државна компанија за изградба на жичарата.

Државниот Инспекторат за животна средина во јули годинава извршил надзор на локалитет Попова Шапка, откако пристигнал елаборат за животна средина од АД ЕЛЕМ за изградба на шестоседа жичара. При надзорот државните инспектори за животна средина утврди оштетување на изворите за водоснабдување на градот Тетово и веднаш издаде решение за забрана на сите градежни активности, додека да се најде соодветно техничко решение.
„Решение за забрана за градежни активности е дадено и од овластен инспектор за животна средина од Општина Тетово. АД ЕЛЕМ изврши санација на местото, а потоа не се преземаа никакви дејствија“, велат од Инспекторатот за животна средина.

Дали ќе остане недоинсталирана новата шестка и оваа сезона, имајќи во предивд дека 90 дена е период кој директно навлегува во зимата, кога условите за непречена градба се невозможни останува да видиме во новата епизода.

Leitner Shestosed popova sapka (2)
Опремата додека биде инсталирана ќе биде веќе истрошена

Скијање по песочни дини на Намибија

 

За skimacedonia

Еден коментар

  1. Ova e uste edna ujdurma i dokaz kakov tretman iaat vlastite zicara so odobrenie za gradba se stopira a divograba na verski objekt se odobruva ima li pogolem sram i bruka od ova e ova e se maslo na sds i dui

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки