Европската ски сезона стартуваше силно особено долж Алпите

chamonix mont blanc
Chamonix, France, 21.12.2017

За прв пат после неколку години, европската ски сезона стартуваше силно особено долж Алпите. Европските ски центри конечно ја прекинаа сушната серија, со крупна снежна покривка. Новата ски сезона има најдобар почеток во ек на силни снежни врнежи на Aлпите, а туристичките работници полни раце работа.

За разлика од 2014-2015 година, кога поради недостатокот од рано сезонски снежни врнежи, многу ски центри го одложија стартот на зимската ски сезона или пак 2015-2016 кога центрите беа очајни да ги задоволат скијачите, па носеа снег со хеликоптер по планините…сега за сега сезоната 2017/2018г изгледа повеќе од супер.

engelberg
Engelberg 18.12.2017

Минатата недела , свеж “powder” натежна по зимските центри низ цела Централна Европа со по 2 м снег висина низ водечките резорти како Тињес, Вал Торенс во Франција, Зелден во Австрија и Аоста Вели во Италија.

Но дополнително прогнозата најавува уште снежни денови кои треба да надојдат во текот на оваа недела.

Австриските врвови и падини особено ги очекува солидна снежна прокривка.

Во Австрија, посебно во регионот Арлберг се очекува свеж “powder”, како и на Хинтертукс каде со нови 50цм во наредните денови снежната покривка ќе се натрупа на постоечкото ниво од 170 см на повисоките места.

Во Зелден има пола метар надополнување на постоечките 170 цм и Обергурл којшто води со скоро 2 метар снег на повисоките места и очекувани нови 35 см снежна покривка.

Во Швајцарија, центарот Мурен кој е поврзан со идиличниот Гриндевалд се очекува да добие 30 см како дополнување на веќе сосема доволните  250 см на повисоките делови,  а 70 см на патеките.

На патеките низ италијанските ски центри, деновиве се очекува соодветно засилување од свеж “powder” во Червина која е поврзана со соседниот Цермат во Швајцарија да дополни со 20 см на постоечките снежни покривки од 100 см на повисоките места и 50 см на патеките.  Коурмајер на Аоста Вели кој веќе е покриен со 70 см на пониските предели и 110 см на повисоките стази, очекува дополнителни 20 см.

dolomites trentino
Dolomiti Trentino

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки