„Фемина 8-3“ изложба во КИЦ

ilina arsova femina 8-3 korabСледи го настанот

Друштвото на ликовни уметници на Македонија во рамките на Скопско лето и во соработка со Културно информативниот центар КИЦ од Скопје, имаат чест да Ве поканат на изложбата „Фемина 8-3“ која ќе се отвори во среда 28.06.2017 во 20:00 часот во галерискиот простор на Културно информативниот центар КИЦ во Скопје.

Третото издание на „Фемина 8-3“ дефинира ликовен пристап со контекстуализирано значење на „фемина“, само како едно од многуте значења што ги продуцира една „слика“ со ликовна содржина и опис. „Фемина8-3“ во сите шеснаесет авторски потписи има забележителни и помалку забележителни женски ликови, што како парадигми, во конотација на културата на жените, креираат препознатливи локални и глобални слики. Женско тело, автопортрет, објект, фотографија, боја, цртеж, колаж сите тие го создаваат ликот на „Фемина8-3“ како заштитен ликовен знак што сепак прецизно го наметнува женското ликовно писмо. „Негативниот“ и „проблематичен“ ликовен концепт на „наметнување тема“ : политика и уметност-поседува многу иронија, игра, заплет и расплет што прецизно ја категоризира „Фемина8-3“ како бунтовничка што пркоси во заштитата на сопствениот ликовен идентите. Шеснаесет еминентни македонски уметнички имиња се дел од „Фемина 8-3“. Тие, со нивниот препознатлив ликовен идентитет, го оживејаа малку запоставениот „бунт“ во уметноста. Нивната побуна е суптилна, но и многу храбра, невидлива и видлива, можеби малку наивна, но нималку безнадежна. Концептот на „соочување“ на осум женски наспроти осум машки ликовни потписи, во „Фемина8-3“ ја истакна творечката наклонетост на сите шеснаесет автори кон главната мисија на уметноста и сликарството, а тоа е пред се – неопходен слободарски и критички став на уметникот кон општеството во времето во кое живее и твори. Уметноста секогаш ја брани својата дискурзивна автономија, затоа таа не смее да биде деградирана од различни идеологии и политики.

Автори : Јана Манева Чупоска, Жанета Вангели, Славица Јанашлиева, Петра Јовановска, Маријана Костојчиновска, Александра Јовановска, Илина Аросва, Дороти Пачкова, Сергеј Андреевски, Фехим Хусковиќ, Жарко Башевски, Јован Балов, Миле Ничевски, Англе Миов, Милан Андов и Борче Богоевски.

ilina arsova femina

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки