Fischer предизвик Fischer Transalp 2018

17310928_Fischer Transalp

Преминување на снежните Алпи на скии е посебна и специјализирана авантура со мемории кои остануваат да одекнуваат долги години. Веќе 7 годино од 2011 година брендот Fischer заедно со турно дивизијата Fischer Transalp ги организира овие турно тури и брзо доби култен статус, a од година во година се реализираат уникатни искуства.

Следниот Fischer Transalp 2018 ќе биде од домот на Fischer, Австрија па преку интересни рути преку алпите крајна точка ќе бидат локации во Италија. Од сите апликанти се избираат 6 кандидати кои ќе добијат комплетна ски турно опрема во вредност над 2000 евра. Последен ден за аплицирање е 31 декември 2017.

Единствено што треба да направите е да ги убедите зошто вие сте правата личност за овој настан, а покрај тоа треба да испратите ваш реализиран турно извештај заедно со CV и ваша фотографија.

Факти:

  • Период : 23.03. – 01.04.2018
  • Tраење: 6 дена days
  • Барања кои треба да ги исполнувате: Добро ниво на физичка подготвеност, способни да поминете 6 дена турно скијање со околу 1500 метри искачување секој ден, искуство во захтевени терени, искуство во безбедност, добри скијачки способности и снаоѓање во сите снежни услови.
  • Краен рок за пријавување: 31.12.2017

Fischer обезбедува:

  • 6 дена полупансион
  • 6 преноќувања
  • Трансфер и логистика
  • Професионални водичи
  • Fischer Transalp опрема ( скии, везови, ски чизми, кожи, air bag лавински систем итн)

Аплицирај и пополни овде

17499483_fischer

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки