Fischer во Македонија со единствена машина за прилагодување на ски-кондури по мерка

Fischer sportbike_IMG_1905-2

 

VACUUM FIT е патентирана технологија, која е презентирана 2011 година и притоа е освоена ISPO European Ski Award. VACUUM FIT технологијата ја користат најдобрите скијачи од Светскиот куп на највисоко ниво. Технологија патентирана од страна на Fischer со 15% полесен материјал од постоечкиот.

vacuum sportbikemk fischer

Процесот на прилагодување се одвива низ посебна процедура со машина VACUUM FIT station. VACU-PLAST материјалот е исто така посебен заради температурната стабилност, а школката ја задржува својата стабилност и својства при широк дијапазон на топлина. Се прилагодува за сите оние скијачи кои имаат проблем при изборот на удобни ски-кондури, притоа елиминирајќи ги болките во стапалата.

Има две серии VACUUM FIT и VACUUM Comfort FIT. VACUUM FIT се ски-кондури кои во целост се прилагодуваат на формата на ногата, а додека VACUUM Comfort FIT се прилагодуваат делумно само на долниот дел т.е на делови од стапалото. На тој дел и доминираат болките па како поефтина варијанта може да се постигне добар резултат во однос на цена перформанси.

vacuum sportbikemk fischer 2

VACUUM FIT ја задржаа предноста кај Fischer преку somatic технологијата кој се темели на природното држење на нозете во V позиција под агол од 9-10 степени. За новата сезона 2015/2016 асортиманот на Vacuum е проширен на повеќе модели ски-кондури од рекреативни па до натпреварувачките.

Повеќе детали и информации во Sportbike продавниците во Скопје (ТЦ Беверли Хилс, ниско приземје) и Битола.

Контакт: 02 60 91 545 / 076 299 888 / sportbike.mk@gmail.com

Fischer vacuum fit sportbike.mk

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки