GoPro ja претстави својата “Karma” дрон

ngk-karma-drone-gopro2_h

Деновиве GoPro конечно го лансираше долгонајавуваниот Karma дрон, можеби задоцнето, но затоа со неколку адути кои го издвојуваат над од конкуренцијата, а тоа е пред сѐ се однесува на лесната преносливост.

Имено, GoPro Karma може целосно да се склопи и стави во мала пренослива торбичка, која потоа може лесно да се смести во класичен ранец. Karma навистина ја доловува вистинската магија на GoPro камерите, а тоа е да можете да ги однесете секаде со вас, макар биле и на најнедостапните места.

27518380karma0hero5blackmaster

Karma се управува преку специјално дизајниран џојстик, кој има дисплеј на кој може да се следи што снима камерата. Самиот дрон доаѓа со стабилизатор во три оски, кој овозможува исклучително стабилно видео и кој може да се користи самостојно со држачот за рака, за моментите кога сакате „приземјено“ видео.

Karma нема вградена камера, но GoPro вели дека е компатибилна со нивните нови Hero 5 Black и Hero 5 Session камери, а секако и со претходните модели, сериите Hero 4 и Hero 3 . Затоа, тој се нуди само како дрон по цена од 799 долари, но и како пакет со Hero 5 Session за 999 долари, односно 1099 долари за моделот со Hero 5 Black камера.

516711-gopro-hero5-black-session

Hero 5 Session сега има можност за снимање 4K видео и фотографии од 10 мегапиксели во исклучително мало пакување, додека знаменосецот Hero 5 Black снима 4K видео и фотографии од 12 мегапиксели, а има и 2 инчен дисплеј на допир, отпорен е на вода до длабочина од 10 метри, вграден GPS и микрофон со редукција на шум од околината.

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки