Gore-Tex, од гаража до врвот, како настанал?

На основа на тефлонот настана најпопуларната водоотпорна и дишлива ткаенина омилена кај вљубениците во outdoor-от 

Different_Gore_Cover

Славниот материјал постои повеќе од 48 години. Gore-Tex потекнува од фирма основана во гаража во далечната 1958 година иницијално нудејќи услуги за пазарот со електроника и техника, за подоцна во 1969 година кога Боб Гор (Bob Gore) го открива исклучително разновидниот полимер кој го носи претпријатието во бројни други пазари.

Експандиран polytetrafluoroethylene(ePTFE), е материјалот кој е база врз која настана и популарната ткаенина за исклучителни временски ситуации. Родителите на Гор произведувале тефлон изолирани кабли, а Боб преку своето истражување се обидел да изнајде начин да заштеди материјал при производство. Начинот на развлекување го открил сосема случајно, фрустриран од обидите за внимателно развлекување силно и брзо го истегнал polytetrafluoroethylene материјал кога увидел дека полимерот се проширил дури за 8 пати!

illus_goretex_pro

Свесноста за тоа дека овој материјал од мрежеста структура може да се искористи за спортска опрема дошла подоцна кога се согледало дека порите во ткаенината се доволно мали да не пропуштаат капки вода, а доволно големи да овозможат испарување односно можноста на материјалот да дише.

Денес Gore-Tex преку бројни истражувања и развој станува синоним за водоотпорна и дишлива ткаенина од која се изработува врвна спортска опрема и обувки. Првите модели исработени од Gore-Tex се претставени 1976, а благодарение на оваа ткаенина се изработуваат и опрема за астронаутика а се користи и во медицината.

Овој пронајдок ја направи компанијата Гор да биде во првите 200 Американски приватно поседувани компании, а три години по ред во листата најдобри мултинационални компаниии за работа и работна култура. Фирмата брои над 10.000 вработени и над 3 милјарди долари годишен приход.

gore-tex-activities-bp

 

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки