Иницијатива за реконструкција на планинарската кула на Титов Врв

На иницијатива на планинарското друштво Аргентус Маунт од Тетово, а во целост подржана од Федерацијата на планинарски спортови на Македонија изминатиов месец е започнато постепено реновирање на планинарскиот заклон т.е објектот лоциран на Шар Планина на самиот Титов Врв на 2747м.

Постепената реконструкција се врши преку донации, па така пвц прозорите се донација на фирмата ИРФА РОЛДЕР од село Порој. Објектот се планира да се затвори во целост со прозори и врата, а во план е да се реконструираат и ѕидовите  за кои исто така се бараат донации за градежни материјали.

Заради спецификата на теренот досега новите прозори се носеа и монтираа лично од планинарите на клубот Аргентус Маунт Тетово.

Инаку кулата е изградена во шеесетите години на минатиот век, како заклон и простор за престој и преспивање, низ годините наназад објектот беше запуштен и оштетен од забот на времето и не нудеше соодветна заштита од лоши временски услови.

titov vrv-planinarski-dom-argentus

titov vrv-planinarski-dom-argentus (5)

titov vrv-planinarski-dom-argentus (6)

titov vrv-planinarski-dom-argentus (2)

titov vrv-planinarski-dom-argentus (3)

titov vrv-planinarski-dom-argentus (4)

 

 

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки