Искачување на Караџица Остри врв

ostrivrv17379

ПК Македон организира, следи го настанот

Отворена еднодневна акција на Караџица со Остри врв 2340 м.н.в.
Недела 26 ноември 2017

Продолжуваме со есенската хајкинг сезона со уште еден популарен врв (можеби два), овој пат на Караџица.

Турата започнува од с. Патишка река (1243 м.н.в) од каде се одвојува макадам, а искачувањето продлжува низ шумски предел. Преку шумата се упатуваме кон бачилото од каде започнува искачувањето кон врвот Остри врв и е во траење од 3-4 часа (во зависност од спремноста на групата). Во зависност од групата, условите и времето, турата може да се изведе и со искачување и на врвот Убава.

Турата е средно тешка (првиот дел е по макадам), но сепак бара доволно подготвеност и кондиција. Од опрема задолжително да се понесат солидни планинарски обувки, капа, ракавици и јакна/кабаница поради променливо време, а можно е да има и нов снег. Од храна лесна храна/овошје. По патот ќе се изведуваат кратки паузи (вода има на едно место) и поголема пауза кај бачилото, од каде се продолжува кон врвот.

Поаѓањето е во 6;00 ч. од паркингот на Веро тафталиџе, а враќањето е во попладневните часови. Превозот е организиран со комбиња од Скопје до Патишка река. Бројот на местата се ограничени. Пријавувањето задолжително се извршува по телефон на 072 24 39 39. Рокот за пријавување и уплаќање е најкасно до сабота 25 ноември 2017. Доколку не се уплати до одредениот рок, местото се отстапува на други заинтересирани. Цената за турата е 450 денари.

ostrivrv17377
IMG_3275-1-2 Karadzica Patishka reka Ubava Ostri vrv
* * *
Секоја промена или откажување на учеството на турата да се пријави кај организаторот. Организаторот го задржува правото да направи промени на турата поради промениво време и други непредвидливи услови.
Турата е отворена и за членови на други планинарски друштва или за ентузијасти или планинари кои не се членови на планинарско друштво. Секој планинар е одговорен за својата спремност.

 

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки