Излези надвор од канцеларијата – Дивината не е луксуз

Кога летам со авион преферирам седиште до прозорот. При моето прекумерно време поминато во патување со авион за работа, се восхитувам на гравурите и релјефот на нашиот свет од 10.000 метри височина. Особено сум заинтригиран од празните простори и места кои не се населени каде патиштата и градовите непостојат. Во текот на ноќните летови тие простори се појавуваат како темни дупки кои веројатно ги репрезентираат последните бастиони на дивината на планетава. Сега тие се се помалку, подалеку и поретки, но како и да е јас сакам да ги истражувам и постојано ќе го правам тоа. Кој живее во овие одалечени неразвиени диви предели? Какви суштества владеат со овие царства?

featured1-990x450

Во САД овие слободни локации се типично федерални земјишта, дом на дрвјата, свежата вода, дивината па дури и добитокот. Темните региони генерално се означени како диви предели. Денес има околу 110 милиони акри дива природа и територии во Соединетите Американски Држави, забележително дури и со растот на популацијата, кога беше потпишан “Wilderness Act” во Конгресот 1964 година, тогаш имаше само девет милиони акри.

Видео на Пит МекБрајд, Витал Филмс (Pete McBride – Vital Films).

Теоретски, дивината би требало да биде место кое го оставаме само, место неповредено од човекот. Место резервирано за природата и еволуцијата каде идните генерации ќе можат да земат пример од светот и дивината без тротоари и улици. Целта треба да е да ги држиме нашите тешки човечки траги и белези што подалеку од природата и сведени на минимум.

Парадоксот иронично е тоа што како и да е ние неможеме да ги тргнеме настрана рацете. Ние ја менаџираме, делуваме на нашата дивина со најдобри намери и знаење на нашето време. На пример, со децении ги превенираме шумите од пожар. Но, осознавме колку оганот е важен за еколошкиот циклус, па така во некои области тој е планиран и предизвикан вештачки. Истото е и со дивиот свет, во некои паркови кои се менаџираат како дивина, ние носиме, промовираме некои животни за одржување на баланс во еко-системот кои претходно беа истребени од неодговорното однесување на човекот.

McBride_ElksAerial_140716_7105

Во басенот на реката Колорадо, на област низ седум југозападни држави, поврзани се девет национални паркови како ѓердани на вратот од реката и содржат илјадници акри дивина каде што воведовме дрво наречено Тамариск, за контрола на ерозијата половина век претходно. На наше изненадување тамарискот беше толку ефективен во неговата работа, што се рашири низ целиот басен истребувајќи ги автохтоните видови како врбата и памучните дрвја. Ова беше едно од многуте “упс” кои ги направивме кон животната средина.

За потоа да ја донесеме тамариск бубата да се храни и да ги отстрани досадните неавтохтони тамариск  растенија кои користат многу вода и влага. Сега засега тие мали суштества си ја вршат работата без некоја нова еколошка штета, сеуште. Но тешко е да се претпостави кои се консеквенциите од тоа на долг рок во иднина.

McBride_GrandCanyonDory_140510_481723482

Во суштина, овие диви предели и не се оригинално диви. До одредено ниво тие се се само не дивина. Тие се како маникирани и управувани како фармите и градините. Главната разлика е обемот.  Тука има една фундаментална разлика која неможеме да ја заборавиме, наспроти фармите и градините, териториите на дивината и парковите неможеме да ги менуваме, барем додека не биде дозволено тоа.

McBride_ElksAerial_140716_7017

Пораснав на Карпестите планини во Колорадо. Денес, областа Марун Белс, место каде скијав, планинарев и истражував скоро четири декади е едно од најпосетуваните места и диви предели во државата. На одреден начин може да биде сакана до смрт, дури и скротена, а преставена и опишана преку зборовите на Едвард Аби напишани пред 5 декади “Дивината не е луксуз туку неопходност за човековиот дух”. Видов луѓе од сите краеви на светот, со различни култури и професии дојдени овде до овие планински пејсажи заради една причина, нивната убавина. Се сомневам дека Едвард Аби ги предвидел гужвите и групите луѓе кои ги посетуваат Јелоустон, Марун Белс или Големиот Кањон.

McBride_GrandCanyonRim_1459_140927_1

Како фотограф и снимател сум сведок околку промените на пејсажите низ САД и во странство цел мој живот, шумите станаа фарми, фармите станаа комбинати, градчињата градови, реките пресушија, а делтите станаа пустини.

Покрај зголемениот сообраќај кон овие точки на природата, постои надеж знаејќи дека шумската патека покрај езерото близу мојот дом во Колорадо не се променила многу. Во свет на рапидна транзиција и раст, да се изнајде место кое е недопрено и непроменето дури и кога се управувани со цел да се компензира нашето присуство, нашите грешки, тоа е навистина инспиративно.

Автор Peet McBride за National Geographic

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки