Изминатиот викенд реализирано – Со Срце За Зелено Маврово

24301997_np mavrovo

Со Срце За Зелено Маврово
#СоСрцеЗаМаврово #KeepMavrovoClean

Во саботата, 2 декември, на 7 локации низ Маврово беа собрани повеќе од 400 вреќи отпад за 2 и пол часа. Повеќе од 100 доброволци во кординација со организаторот Go Green и Ски центар Маврово, заедно со помагателите придонесувачи во акцијата Нехар Турс – Хотел Алпина, НП Маврово, општина Маврово и Ростуше, луѓе од различни населени места, чистеа за позелено и поубаво Маврово. Како што пренесуваат од национален парк Маврово  ” За жал остана уште (пре)многу и ќе мора подлабоко да навлеземе во суштината за да може да го решиме проблемот. Отвореноста на Општината и Националниот Парк и локалната заедница ни дава надеж дека може да се преземат конкретни чекори кон решавање на проблемот со отпадот.

Оваа акција не е решение на големите проблеми со кои се соочуваат сите населени места, но е добра акција која треба да разбуди и едуцира. Природата низ туристичките места е нашата животна средина која треба да ја негуваме и чуваме, отпадот не е нешто кое треба да го фрламе и да очекуваме дека некој друг ќе го исчисти.

24173883_np mavrovo 24210170_nehar mavrovo 24210175_nacionalen park mavrovo 24210310_np mavrovo 24273432_mavrovo nacionalen park 24273513_np mavrovo 24291533_np mavrovo 24301997_np mavrovo 24302438_np mavrovoi

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки