Јабланица – импресии од нов член на планинарската заедница

Недела, 25.06.2017 година.

Се разбудивме наутро во 06 часот во с.Дренок. Навидум мислевме дека сме на концерт на кој главни уметници беа птиците..

Прекрасно започнат ден!

Нашата дестинација овој пат беше с.Горна Белица (Струшко), од каде започнуваше и нашата авантура искачување на Црв Камен (2.258м) на планината Јабланица.

Јабланица е втора по големина планина во западната Шарска област]. По сртот на планината се протега македонско-албанската граница, при што источната падина е во Македонија, а западната падина од планината лежи во Албанија. Планинскиот гребен е повисок од 2.000 м за приближно 50 км, а највисокиот дел, сместен во самото средиште на планината, е висок 2.257 м. Највисок врв е Црн Камен, со 2.257 м. Врвови повисоки од 2.000 м се: Стрижак (2.233 м), Крстец (2.186 м) и Чумин Врв (2.125 м).

Во с.Горна Белица пристигнавме во 08 часот. Оваа викенд-населба по својата урбанизација прилега на алпските туристички места, а се наоѓа во близина на римската артерија Виа Игнација. Природна убавина која плени, борова и букова шума, чист планински воздух и единствена можност кога ќе се разбудите наутро првиот поглед да ви падне на Охридско Езеро.

FB_IMG_1498636495064

Селото Горна Белица, сега веќе викенд-населба и воздушна бања, која се наоѓа на надморска височина од 1.310 метри. Во таа убавина 180 вили и викендички се распослани на падините под огромната величествена гранитна карпа на планинскиот врв Чума. Сите вили се мали, а имаат големи зелени дворови и многу дрвја. Амбиентот е прекрасен, планински и нуди идеален мир. Овде можете да седите и да уживате во сите благодети на планината. Вистинска планинска туристичка населба со мали куќички со остри и високи покриви, правена плански. Сите вили се изградени со речиси иста височина и ширина. Амбиентот го прави величествен погледот на Охридско Езеро на исток и на спротивната северна страна величествениот врв Чума, кој прави да се почувствувате како да сте високо на Алпите, а не на падините на Јабланица.

Горна Белица, со своето оригинално име Бела де Суприма, на влашки јазик, оти селото порано го населувале Власи – сточари, нуди уште многу скриени убавини, кои можете да ги откривате ако се решите да поминете викенд или повеќе дена во ова место од бајките.

Нашата авантура веќе започна..

По само неколку минути пешачење ја преминавме и Беличката река.

Поминавме низ шумичка, по средна угорница, после која излеговме на ледина. Од тука се протегаше прекрасен поглед – кон Охридско езеро со Струга и Охрид пред нас..

Самата глетка ни даде дополнителен адреналин.

Продолживме..

Движејќи се кон нашата цел, Црн Камен поминавме низ благa ледина, која не почасти со прекрасен поглед, колоритни цвеќиња и огромна свежина од изворите на самата планина..

Ова беше нереално за нас. За момент ќе застаневме да се освежиме од ладниот поток и притоа да се воодушевиме на прекрасната ни природа..

Започна искачување и потежок дел. Но секој пат кога ќе се свртевме позади нас, нешто едноставано во нас говореше, а од горе колку е поубав погледот.

Стигнавме и до врвот! 2.257 м, Црн Камен, Јабланица. Точно 01:40:52 време на искачување на 4.55 км.

received_10155251jablanica

Прекрасна глетка, милон воздишки.

Поглед према Охридско езеро, поглед према камењари, према Албанија, поглед према ледничките езера.

FB_IMG_149863652jablanica

На Јабланица се наоѓаат четири леднички езера: Вевчанско, Подгорско и Горно и Долно Лабунишко.

Големото Вевчанско Езеро се наоѓа на запад од истоимената населба, на источната планинска страна на Јабланица, во непосредна близина на македонско-албанската граница. Ова езеро лежи југоисточно од највисокиот планински врв на Јабланица – Црн Камен 2257 m

Најголемата должина на езерото се јавува во правец југозапад-североисток и таа, при минимално ниво на езерската вода, изнесува 151 m,  а најголемата широчина при истото ниво на езерската вода изнесува 64 m. Длабочината на ова езеро при минимално ниво на езерската вода изнесува 3.64 m, а при апсолутно максимално ниво на езерската вода изнесува 13.9 m. Температурата на водата е различна и во летните месеци може да се забележи површинска вредност од 16.6°C до 22°C, а одејќи во длабочина таа вредност се намалува. Во текот на зимските месеци езерото целосно површински замрзнува. Бојата на езерото, во зависност од повеќе фактори може да има сино-зеленкаста или сиво-зеленкаста боја.

Од Вевчанското Езеро, се упативме кон село Вевчани.

Низ голема шума, со стебла и над 10м, под ладовина, го следевме потокот или рекичката кој по 2 часа пешачење со брзо темпо не донесе до Вевчанските Извори.

Време 02:11:34, за 8.15 км

Се замивме од ледено чистата вода, и отидовме на ладно пиво во првиот локал, на изворот.

Дефинитивно, оваа авантура вреди да се повтори.

 

Кире Атанасов

 

FB_IMG_149863653jablanica

FB_IMG_149863660jablanica

 

received_10155250jablanica (5)

received_10155251jablanica (4)

received_10155251jablanica (3)

 

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки