Јахорина е на распродажба, собраните средства за реинвестиции во опрема

jahorina 010

Олимпискиот центар Јахорина под лупа на тамошната влада, има потенцијал да доживее сериозна трансформација во сопственичката и организациската структура. Владата на Република Српска има намера во краток рок да изврши реорганизација на ски центарот кој книжи загуби со тоа што ќе ја раздвои основната дејност на центарот, жичарите од угостителската инфраструктура. Продавајќи ги хотелите на приватни инвеститори, тамошната влада планира акумулираните средства да ги реинвестира во опрема за ски центарот, пред се опрема за вештачко заснежување без која ски центарот Јахорина нема светла иднина.

Овој модел како план кој владата на Република Српска, сака да го реализира е всушност копија на успешниот модел применет во Србија. Таму сега Скијалишта Србија стопанисуваат успешно со се попопуларните ски центри пред се Копаоник. Тие неодамна објавија дури 24% поголема продажба на ски карти во однос на претходната сезона.

jahorina 9_58

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки