Како да изберете ски стапчиња

Кога избираме ски опрема најголемо внимание посветуваме на скиите и ски кондурите што е и сосема нормално. Но кога купуваме ски стапчиња (штеки) најчести дилеми се која должина, од кој материјал за сето тоа на крај да се сведе на најевтините.

ski-poles-skimacedonia

Стаповите треба да задоволуваат неколку услови – да се доволно силни за да го издржат оптеретувањето при скијање, да се лесни како не би претставувале дополнителен замор на рацете и да се доволно флексибилни при виткање и паѓање во спротивно многу лесно може да се искриват ,  да се скршат од посилен пад или ако заглават во снег.

Доколку сте почетници и рекреативци кои не така често скијаат сосема доволен избор е соодветната висина т.е должина на ски стапчињата. Секако ако ви се трошат пари најдобро е да си купите од поскапите 🙂 затоа што кога ќе го унапредите вашето скијање во динамично нема да имате потреба да ги менувате.

Материјалите  од кои се произведуваат се најчесто од композитни материјали, алуминиум, карбон па и плексиглас. Карбонските модели секако се најиздржливи и најотпорни на предизвици.

ski-poles-skimacedonia-03

Во поново време актуелни се телескоп стапчиња или стапчиња на прекршување кои се лесни и практични за носење посебно при искачување на планина и скијање надвор од патека-free ride.

За правилен избор на должина, најдобро е да имате облечено ски кондури но тоа понекогаш е и комплициран процес. При определување на должината потребно е стапчињата да бидат свртени обратно со рачката на подот, а рацете треба да ви бидат наместени под агол од 90% и да ги држите стапчињата веднаш под пластиката блокатор онаа која не дозволува стапчето да пропаѓа во снег.

ski-poles-skimacedonia-10

Кога ги употребувате за ваша безбедност добро e да ги држите соодветно, а дланката да биде протната низ ременот-кајшот одоздола нагоре. Да има доволно простор т.е можност при пад раката лесно да се откачи од нив или пак да имате некаква контрола со цел да не се повредите дополнително при силен комплициран пад.

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки