Како не трансформира планинарењето

Планинарењето не трансформира. Оваа изјава и теза може да им изгледа збунувачки на тие што редовно планинарат, но вие сте веќе трансформирани.

Како поточно оваа едноставна и секојдневна активност не трансформира?

Стјуарт Филипс (Stuart Phillips), професор на McMaster, универзитетот во Онтарио, одделение за Кинезиологија, вели дека планинарењето може да го трансформира човековото здравје.

“Додека планинариме, го спремаме нашето тело за физичка работа што пак (за повеќето од нас) e драматична промена од нашата секојдневна работа. Зголемената механичка работа што нашето срце треба да ја изврши и променетиот крвоток имаат енормен позитивен ефект на нашето срце.”

Филипс и неговиот колега на универзитетот од работната група за истражување на рекреацијата и метаболизмот чијашто лабораторија вклучува спектрометри и доплер ултразвук детектори, дознаваат дека само мала доза на умерена рекреација може значајно да го намали крвниот притисок и да набилда мускул.

А дали планинарењето може да го избистри умот? Истражувањата не само што ја поддржуваат тезата, туку и покажале дека вежбањето може и да го зголеми мозокот.

Тоа е врзано со еден протеин наречен BDNF (Brain-Derived Neurotrophic Factor).

Кардиоваскуларните тренинзи како што е планинарењето, преку зголемување на нивото на BDNF може да ја засили енергијата, да го забави процесот на стареење и да ги подобри општите когнитивни фукнции. Психијатар од Хавард John Ratey, автор на книгата Искра: Револуционерната нова наука на рекреацијата и мозокот (Spark: The Revolutionary New Science of Exercise and the Brain, пишува: “дури и умерените вежби ќе го наполнат менталното коло и победат стресот, ќе го разбистрат умот и зголемат меморијата и многу повеќе.” Зголемувањето на BDNF преку рекреација, Ratey продолжува “ги стимулира нервните клетки да се спојуваат, што е целуларна основа за складирање нови информации.”

Професорите на McMaster Универзитетото на Департмантот за Кинезиологија велат дека: “планинарењето може да им помогнат на возрасните да постигнат баланс т.е. рамнотежа што може да спречи паѓање и повреди.”

После половина час или цел час рекреација и планинарење, ќе осетите дека вашата физичка состојба и расположение ќе се подобрат. Зошто? Преку стимулирање на кардиоваскуларниот систем, аеробната активност ја оптимизира метаболичката активност. Планинарењето го покренува нервниот систем, кој праќа невро трансмитери (молекули) како што е серотонинот кој има доста позитивен ефект на нашето расположение. Дури и мулти-милионската фармацевтска индустрија која нуди анти депресиви чија цел е да обезбедат повеќе серотинин до невроните на мозокот, не е толку ефикаснa како што е вежбањето и рекреацијата кои сето тоа го обезбедуваат без рецепта и бесплатно.

Експертите се фокусираат на физичката трансформација, но освен тоа тука е и трансформацијата на умот согласно дефиницијата за здравје на Светската Здравствена Организација: “ состојба на комплетна физичка, ментална и социјална благосостојба, а не само недостаток од болест.” Но она што го издвојува планинарењето од останатите  едноставни рекреативни активности е дека нуди повеќе бенефиции што може да го подобрат здравјето отколку само да ве одржи во кондиција и да се опуштите.

Можеби затоа многумина од нас се решаваат да појдат на планина наместо во фитнес центар, иако ваше е да изберете помеѓу планинарење или трака и велосипед во сала. Оние кои се уште не посетиле некој врв, вооружани со вакви информации направете напор и проверете ја тезата за трансформација на телото преку планинарењето.

Претходен написи
Презентација скијање Франција 2024
Следен напис
Црногорскиот туризам инвестира во гондоли до каде се нашите?