Kilian Jornet протестираше гол на Монт Блан

Kilian Jornet протестираше гол на Монт Блан заради одлуката на надлежните да го ограничат пристапот кон врвот, само на лица кои се соодветно опремени и заштитени за искачување. Kilian прокоментира дека “не е до опремата, туку до искуството”.

Во пораст е ефектот наречен “Kilian Jornet” каде планинарите се обидуваат со поредуцирана опрема или речиси без опрема да го искачат врвот Монт Блан во стилот на Kilian , но тоа доведе до зголемени интервенции на спасивачките служби. Инаку , Kilian Jornet се бави со планиско трчање или брзинско искачување како понов тренд во однос на класичното планинарење, а неодамна постави брзински рекорд во искачување на Еверест.

Во контекст на ова можеби протестот и не му е на место, имајќи го во предвид токму фактот дека како еден од најдобрите во тоа што го прави го следат многумина, па подобро би било да остави некој паметен совет и да спаси некоја возбудена глава која кинисала да го копира, наспроти моментот да трча гол по Монт Блан, сепак не се сите Kilian Jornet.

 

kilian-jornet-desnudo-naked

 

 

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки