Клинг го стопира настапот пред почетокот на сезоната

23472220_Kajsa Kling

Клинг го стопира настапот пред почетокот на сезоната

Шведската Ски федерација објави дека скијачката која беше трета во минатата година во Лејк Луис (каде започнува Светскиот Куп на крај на месецот) се откажува од скијањето. Таа изјави дека сака да се сконцентрира на нејзиниот приватен живот , без стресот од ски натрпреварувањата. Во Газета Дело Спорт денеска излезе репортажа дека дваесет и осум годишната швеѓанка Касја Клинг ќе направи пауза од натпреварите во Светскиот куп бидејќи пати од депресија.

Таа се натпреваруваше во сите пет алпски дисциплини , а во 2010 на зимските олимписки игри заврши на 26то место во веле слалом. На 14ти Декември 2013г се искачи за прв пат на подиумот во рамки на Светскиот Куп со второ место во Супер-Џи трката во Сент Мориц.

Истата изјави дека сака иднината да ја планира без дополнителниот притисок од натпреварите. Шведската федерација изрази жалење за нејзината одлука, додека докторот на репрезентацијата објасни дека депресијата се одразува на различни начини и предизвикува различни ефекти како што се проблеми со концентрацијата и неможност да се справи со големи брзини кои се во ски дисциплините.

Како се приближува часот за дебито во сезоната на 1ви и 2ри Декември, а по консултацијата со медицинските лица, и со поддршка од тренерот и семејството Клинг се реши на откажување. Сега посакува мир и спокојство и го истакна следното: “Oва е тежок период за мене и мојот живот и ми е потребен мир за да се насочам на вистинските работи”, појасни Касја. “Сега ми е најважно да се посветам на себе си и моето здравје, а потоа ќе видиме колку време ми е потребно да се вратам на скијањето”. Во кратко со ова ја исклучува можноста да настапи на Зимските Олимписки Игри во Пјонг Јанг – Јужна Кореа кои се следниот Февруари. Во кариерата најдобар резултат е второто место во Супер-Џи во 2013г во Сент Мориц.

Евидентно е дека притисокот е голем кај спортистите од зимските спортови кој се зголемува во текот на сезона каде имаме и Олимписки игри. И посакуваме побрзо враќање на Касја и надминување на оваа криза со цел да се врати уште по силна во конкуренција.

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки