Која е целта на хаштагот #skimacedonia

Sharing is Caring

Накратко, оваа организација е непрофитна невладина граѓанска организација чија основна дејност е да пишува за и околу македонските ски центри, зимските и планинарските спортови со тенденција за нивна промоција и унапредување ( Голема благодарност до сите фирми и поединци кои придонесуваат и помагаат)

Како независна организација се стремиме да обезбедиме секогаш точни, навремени информации. Тоа за некои информации го правиме со цел да се избегнат , фејк-лажни слики, бирократските процедури, јавувања по глуви телефони, прашувања и пишување маилови, дали некаде работи нешто или не работи ништо, дали патот е отворен, дали има снег, каде може да поспиеме некој ден, а сето тоа да биде што по независно. Целта е од прва рака, на едно место сите да бидеме информирани за состојбите поврзани со ски центрите.

Како може вие да придонесете тука?! Ако сте ептен големи мрзи, многу едноставно! само хаштаг #skimacedonia 

Кога сте на ски терените можете покрај сите милион тагови (понекогаш се прашуваме како само ви текнуваат 🙂 ) да го ставите и хаштагот #skimacedonia со цел сите да имаме каков, таков преглед на тековната состојба низ соодветниот центар во Македонија. Ќе видиме, прочитаме или приметиме дали има снег, квалитетот на ски патеките, дали работат лифтовите и слично. Дополнително ако сте направиле супер фото ќе приоденесете кон промоција на центарот пред оние кои директно се интересираат за скијање и зимување во Македонија. Тоа е тоа, поздрав и очекуваме навистина добри фотки сезонава, посебно Instagram!

Следете не и нас правете гужва на овој линк https://www.instagram.com/skimacedonia.mk/ или на FB и поканете го секој чии скии лежат во подрум 20 години и он нека прави гужва, денес етe такво дојде времето сите сакаат да се во гужва, сакаат големи бројки, чувство, состојба, како демек нешто се случува!

Sharing is Caring

15994859_skimacedonia

Информирајте се на овој линк за тековната состојба со основни информации за снег и дали лифтовите работат, доколку нема промена во датумот или е постар неколку дена, тоа значи дека нема промени во информациите т.е ситуацијата е иста.

Тековни информации – Snow Report

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки