Конечно Reel Rock 11

По низа перипетии и одложувања, пред самиот крај на светската REEL ROCK филмска турнеја, сепак и Скопје ќе успее да ги погледне најголемите светски качувачки достигнувања на големото платно! Тоа значи дека на 28 февруари во киното ФРОСИНА, Скопје по трети пат ќе биде сведок на најголемиот качувачки празник – REEL ROCK, документарниот серијал кој стигна до своето единаесетто издание, во чии рамки ќе биде претставена најновата колекција на возбудливи качувачки филмови кои ги прикажуваат најголемите приказни и атлети во рамките на спортот. Петте нови филмови ќе ви донесат возбудлива акција, патувачки истражувања низ светот, голема смеа и вистинска инспирација. Настанот како и секоја година ќе биде збогатен и со локална програма која преку видеа ќе се осврне на нашите највозбудливи качувачки подвизи. Подгответе се за овогодинешната доза врвно качување и бескомпромисен алпинизам!

_dsc2846-reel-rock

Да се потсетиме

Пред две години македонската публика за прв пат имаше можност да го проследи деветтото продолжение на REEL ROCК, кое го донесе најнаградуваниот аутдор документарен филм ‘Valley Uprising’ на американските филмаџии Питер Мортимер и Ник Росен, а потоа и јубилејното десетто издание на највозбудливата качувачка филмска турнеја REEL ROCК 10. Овој пат со уште посилна локална програма и уште пет документарни филмови за најголемите случувања и достигнувања во глобалниот качувачки свет, што го прави REEL ROCK 11 вистинско место за посветените качувачи и љубителите на карпите и високите снежни планини.

Единаесетата REEL ROCK филмска турнеја, традиционално започна на 15-ти септември во Болдер, Колорадо, оваа година за прв пат во облик на фестивал, а потоа продолжи во Сиетл, Сан Франциско, Њу Јорк и Вашингтон, од каде продолжија стандардните премиери насекаде низ светот, прикажувајќи ги најдобрите филмови за алпинистичките авантури на публиката ширум светот. Оваа година со REEL ROCK 11, Скопје заедно со уште околу 500 градови низ светот, повторно ќе ја има несекојдневната можност да ја гледа премиерата на најновото издание на REEL ROCK и ќе добие уште една доза од најголемите аутдор и качувачки достигнувања, од најзначајните и најискусните качувачи како Ашима Шираиши, Каи Лајтнер, Мет Сегал, Вил Станхоуп, Берт Харингтон, Мајк Либецки, Шон Виланова Одрискол, Нико Фавресе…

Основани во 2006 година од страна на Џош Ловел (Big UP Productions) и Питер Мортимер (Sender Films), REEL ROCК проекциите ги прикажуваат најдобрите филмови за алпинистичките авантури на публиката ширум светот и се духовни настани каде алпинистите, авантуристите и љубителите на природата се здружуваат за да ја прослават и искусат сржта на авантуристичкиот филм. Дел од забавата на REEL ROCК настаните секогаш се и различните презентации, доделување на награди, присуството на врвни алпинисти, кратки филмови и претставувањa, а локалната програма се состои од филмови и презентации за најголемите достигнувања на локалната качувачка сцена.

4j5a7464-reel-rock

Локална програма

Што се однесува до нашите најголеми достугнувања, неизбежно за претставување е искачувањето на највисокиот врв на Северна Америка, Денали, кој беше петтиот предизвик на нашата алпинистка Илина Арсова од циклусот „7 врвови на 7 континенти“. Овој суров високогорски и ски-алпинистички предизвик со неговите 6195 метри надморска височина, го реализираше заедно со Филип Василески – Четкар оваа година. Друг дел од локалната програма e и достигнувањето на Маја Бошкоска, Александра Герасимова и Ана Грбиќ кои на 10 октомври го освоија Мера Пик во Непал, со своите 6476 метри надморска височина, станувајќи со тоа првата македонска женска хималајска експедиција. Во рамки на REЕL ROCK ова големо достигнување ќе биде претставено преку ексклузивен видео материјал. Локалната програма е доказ дека оваа година на качувачки план жените успеаја да ги направат најуспешните високогорски искачувања!

ilina denali

REEL ROCK 11 ПРОГРАМА:
– Илина Арсова: искачување на Денали /ВИДЕО/|
– Прва македонска женска хималајска експедиција /ВИДЕО/
– REEL ROCK 11

Повеќе информации на страната на REEL ROCK Macedonia или на официјалниот настан.

За Toni Dimitrov

Profile photo of Toni Dimitrov
Toni loves being outside. He is a passionate rock climber and mountaineer familiar with all peaks in Macedonia. An active organizer of hiking tours enjoyed by both foreigners and locals he is also a keen wind surfer and currently the secretary of the Macedonian Sailing Federation. He is one of the main organizers of the Reel Rock Tour in Skopje, Macedonia.His hobbies include – DJ-ing, producing music, hosting radio programmes, organising events, writing for magazines and generally having a very dynamic social life.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки