КОНКУРС ЗА ОБУКА НА НОВИ ВОДИЧИ ВО ПЛАНИНА СПОРЕД UIMLA СТАНДАРДОТ

obuka planinarski vodici

Македонската асоцијација на интернационални водичи во планина објавува конкурс за обука на нови водичи во планина. Програмата за обука ќе се спроведува согласно со платформата за обука и работа на меѓународната организација на професионални водичи во планина – UIMLA.

Обуката ќе започне во Јануари 2018 година и ќе се одвива преку интензивни курсеви до Јуни истата година, за кога е предвидено да се организираат завршните испити.
Право на учество во обуката имаат кандидати кои ги исполнуваат следниве критериуми:
– Возраст од 18 години и повеќе
– Завршено средно образование и повисоко
– Најмалку 3 години интензивно искуство во планинарство или алпинизам
– Да не се осудувани за насилство
– Да се психофизички здрави за занимавање со спорт

Македонската асоцијација на интернационални водичи во планина како членка на меѓународната унија на професионални водичи во планина – UIMLA, врши обука според меѓународниот IML – International Mountain Leader стандард.
UIMLA (хајкинг стандард) и IFMGA (алпинистички стандард) се единствени меѓународни организации на професионалните водичи во планина во светот, каде што членуваат водичи кои се квалификувани професионалци за работа во планинскиот туризам.

Дополнителни информации може да се добијат во Македонската асоцијација на интернационални водичи во планина на меил: uvpmakedonija@yahoo.com

За skimacedonia

Еден коментар

  1. ke ve molam tel za kontakt

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки