Крај на октомври ,снежните топови во регионот веќе во погон, како е кај нас

Како и секоја година од кога почнавме да пишуваме (почнавме со верба дека малку ќе разбудиме некого) пред 3-4 години, приказните станаа репетитивни како и сезоните.

Веќе е крај на октомври, а ски центрите во регионот се подготвуваат на големо за старт на ски сезоната, без разлика дали се во приватни или државни раце, работата си ја сфатиле повеќе од сериозно. Секоја година на крајот од сезоната се објавуваат и прокнижуваат позитивни резултати, со раст на бројот на туристи и продадени карти од 15-25% во однос на претходната сезона, тоа дури и во комшии е стандард, а да не ги пишуваме центрите низ Европа. Приказната е секаде иста, од регионалните центри, преку ски центрите во Чешка, Полска, па се до водечките алпски центри. Секаде инвестициите во нова инфраструктура и развојот се карактеристика на вестите кои пристигнуваат.

Како е кај нас? И оваа сезона како и претходните тревата добро расте, солидно напредува, дрвјата ги менуваат своите бои, ерозијата е во тек, одронот на карпи си функционира тековно, планината бавно се менува речиси неприметно од година во година. Така е и со нашите “’рѓосани” ски центри кои со декади (еј, ало, декади?!?!) не промениле ништо, тие толку се соживеале со планината што буквално го синхронизирале својот развој паралелно со промените на рељефот, промените се речиси неприметни.

IMG_7650 popova shapka shar mountain
Попова Шапка, Шар Планина, новата шестосед станица и оваа сезона нема да функционира

Последниот пат кога бевме на Попова Шапка, тоа беше деновиве, возејќи низ населбата ги искршивме сите камчиња во бубрег (завршивме работа поефтино). Улиците се уништени и прекопани од тешка механизација и градежното дивеење низ годините наназад. Дали некој тоа го контролира? Што прават општинските власти? Кога планираат да ги реасфлатираат уличките низ населбата, ќе има ли одговорност и за они што и по реасфалтирање ќе направат прекоп за некоја ненајавена градба?

Опрема изразена во милиони евра , која пред две години беше инсталирана низ ски центрите во Пониква и Крушево, скапува заради брзоплети решенија на предтходната Влада, и на терен не ги даваат потребните ефекти. Општините во корелација со концесионерите и приватни сопственици на ски центрите потребно е да ја ревидираат постоечката релација и да се решат проблемите, затоа што трпат сите, општините, туристичките работници и капацитети, трпат и сами ски центри без сила за инвестиции и развој.

Општинарите мора да сфатат дека таму постојат да ги решаваат проблемите на сите граѓани вклучително и бизнис субјектите, да инвестираат во центрите и нивната инфреструктура без разлика кој ги стопанисува, дали е приватна фирма или државата се јавува како сопственик. Секако од друга страна ски центрите треба да се грижат за ски инфраструкутрата и нејзиниот развој, не смееме да бидеме нечии заложник, планината не е нечија приватна сопственост.

22853204_kopaonik
Копаоник, Србија 31.10.2017
22894241_kopaonik
Копаоник, Србија, 31.10.2017
borovetc
Боровец, Бугарија

 

IMG_7651 popova shapka shar mountain
Попова Шапка, Шар Планина

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки