Поинаков аутдор викенд Креативен Викенд – книжевност и поезија во Лазарополе

kreativen vikend lazaropole

После подолго време Креативен Викенд – Лазарополе односно главниот иницијаторот на овие серија креативни настани, Јован Ламбески организира повторно собир на поети, дружба и творење во природа. Имавме можност да присуствуваме на неколку настани во рамките на креативните викенди кои без исклучок беа полни позитивна енергија, хумор, креативност, учење нови работи за музика, фотографија, пишување текстови, запознавање со историјата и убавините на Лазарополе и неговата околина.

Настанот ќе биде викендот од 21-23 октомври, а покрај дружење и пишување кратки книжевни форми со домашни писатели и творци ќе има и гостин од Белград, Даниел Ковач.

Креативен Викенд е пред се за љубителите на авангардата, а има за цел промоција на Лазарополе преку бројни настани, работилници со домашни и странски гостувања на истакнати уметници и професионалци од разни области.

Lazaropole-mavrovo-mijaci-gjrucin-kokale10

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки