Lindsey Vonn “Вежбам со мажите за да видам колку вредам”

Ви пренесуваме во целост превод на интервјуто кое деновиве го направи Lindsey Vonn со италијанскиот весник Газета Дело Спорто 

08 Ноември 2017 – Милано

Најтрофејната спортистка во Светскиот Куп објаснува: “Се уште се надевам да ги победам момците во натпревар, затоа се подготвувам со нив и ги тестирам нивните можности. На овој начин ги тестирам своите можности “. И ловот по Ингемар Стенмарк (Шведски Алпски легендарен скијач) продолжува…

Да се достигне и победи еден маж (легендата Stenmark) и да се носите на натпревар со колегите мажи. Lindsey Vonn, најтрофејната жена на Светскиот Куп, ги проби лимитите на женското скијање. Таа сега следи поразлични патишта од останатите колешки скијачки бидејќи се натпреварува и подготвува со машките скијачи и тркачи на САД во Чиле за двојна цел – рекордни победи на Олимпијадата што ја очекува оваа сезона.

lindsay vonn_1010574070

Зошто решивте да се натпреварувате со машките колеги скијачи?
“Секогаш тренирав со мажите уште од девојче . На почетокот не беше техничко прашање, но пред се економско да заштедам и да не трошам премногу. Според мене ова е неопходното, од голема помош е да работат заедно мажи и жени.

Идејата е да се најде вистинската комбинација знаејќи ги сопствените лимити “.

Сезоната ќе кулминира со Олимпијадата во Пјонг Јанг во Февруари.

Како се подготвувате за олимписка сезона ? Истата програма и истиот тим ?

“Овој пат покрај себе го имам Alex Bunt, мојот кондициски тренер од Ред Бул кој не беше на претходната олимпијада. Тој е големо засилување за мојата група заедно со мојот тренер Chris Knight (технички тренер на националната селекција на САД кој 4 години работи со Vonn)”.

Во Soelden се вративте на голема врата, не е веќе таа Vonn од претходните сезони посветена само на брзината ?
“Во Чиле летото се спремав за сите дисциплини. За натпреварите ќе видам од случај до случај дали се чуствувам добро или ќе откажам “.

Што мислите за конкуренцијата посебно за Sofia Goggia од Италија?

“Многу ми се допаѓа Софија. Таа е голем конкурент и голема пријателка. И двете често бевме надвор од натпреварите заради повреди и добро знаеме што значи да се избориш да се вратиш во натреварувачка форма. Знаеме колку е тешко повторно да се доведеме до ниво на натпреварувачка форма. Имам голема почит кон неа “.

12801616_Lindsey Vonn skiiing fis
Како успевате да ја задржите мотивацијата после сите тие победи по 17 години од појавувањето во Светскиот Куп и после 383 натпревари и 77 победи ?

“Секогаш си поставувам краткорочни и долгорочни цели. Мојата актуелна цел е се поблизу, а тоа е да имам добар настап на Олимписките игри во Јужна Кореја. Она што го бркам на долг рок е да го совладам рекородот на Stenmark (86 победи во Светскиот Куп , во моментов Вон има 77 победи). Така мотивација никогаш не ми недостасува “.

Популарна сте на социјалните мрежи.  Озборувања, таблоиди , се пишува доста за Вас и Вашиот живот – дали има и друга страна на личноста на Lindsey Vonn?
“Јас не глумам одреден лик туку тоа што го гледате сум секогаш јас.

Таа сум и на планина со скии или со штикли на црвен тепих.

Најтешко нешто е да не го загубиме оптимизмот и да носиш во себе позитивен став, а исто и кога читаш за себе неубави работи. Со текот на годините станав по издржлива и веќе негативностите по таблоидите не може да ме бутнат”.

Lindsey Vonn

Во вашата кариера многу освоивте, но исто така се судривте и соочивте со разни незгоди. Каков е вашиот баланс помеѓу радост и болка и убавината на скијањето ?
“Задоволството и радоста кои ги доживувам за време на скијањето секогаш ја надминуваат неубавата страна и сето она со кое морав да се соочам: незгоди, повреди , болка и опоравок. Доколку во позадина не постои страста кон скијањето и натпреварувачкиот дух немаше да стасам волку далеку”.

Секогаш сте на алерт кога станува збор за безбедноста, што може да се подобри на тоа поле?
“Скијањето е еден опасен спорт, секој спортист знае како оди тоа. Но секогаш има подобрувања што може да се воведат за да се подобри безбедноста. Со моето искуство може да кажам дека сигурноста на спортистите треба да биде на прво место, пред профитот и заработката, но не функционираат секогаш така работите”.

На Вашиот компетитивен и победнички карактер ви одговара повеќе да тренирате со личен тим за подготовка или пак на тимски подготовки со репрезентацијата?
“Сметам дека правилен начин е одреден микс од двете.

Добрата работа за тимските припреми се кога работите одат добро се уживаат убави моменти и сите се креваат меѓусебно. Сами може да се спремате за тоа што вас ви треба”.

Дали се чуствувате спремна да го бркате рекордот на Stenmark и да го надминете ?
“Во оваа сезона сакам да се врати најдобрата Vonn на патеките и тоа да го докажам. А потоа ќе може да се победува и едно по едно да тргнам по 86те победи на Stenmark”.

lindsey-vonn-looking-good-in-a-race-car fis

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки