Македонски тим дел од најтешката трка во планинско трчање

18358575_red fox elbrus

Изминатиот викенд се одржа Ред Фокс Елбрус,  натпревар во планинско трчање, победник на трката беше Карл Еглоф со рекорд од 3 часа и 24 минути, а на овој елитен собир за прв пат учествуваа четворица наши претставници од Македонија, Марјан Бонев, Александар Кирковски, Дејан Тодевски и Кирил Филиповски.

Настапот на македонскиот тим помина со делумен успех, беше поставен македонски брзински рекорд,  Александар Кирковски 26ти и Марјан Бонев 28ми успешно ја завршија трката, Дејан Тодевски беше дискфалификуван , не постигна временски лимит на контролна точка, а Филиповски заради смрзнатини на лицето трката не ја ни започна.

002 kirkovski elbrus

“I DID IT! Азау 2350м-ЕЛБРУС 5642м = 5ч 35м! Пресреќен од резултатот! Ова постигнување и воедно македонски брзински рекорд на највисокиот врв во Европа му го посветувам на цимерот Kiril Filipovski, а посебна заслуга имаат Natalija, Edin, Maja,Viktor, Bo Yan, Petar, Планинарски Клуб Македон, Federacija na Planinarski Sportovi na Makedonija, како и партнерите на Кавказ Dejan иBonev! Само тој што бил овде знае што значи ова време од Азау до Елбрус за рекреативец и во македонски рамки, а јас се надевам дека ќе пренесам соодветно искуство и мотиви за да веќе во наредните години некој оди уште појако! А каде е светот и елитата ни покажа Karl Egloff со нов рекорд на планината од 3ч 24м, голем респект за него!” изјави на социјалните мрежи Александар Кирковски, 26то место, 5 часа 35 минуни

001 marjan bonev elbrus

“Многу молњи, грмотевици филтри научиле партнериве во криминалот Red Fox Elbrus Race #SkyMarathon дисциплина
Еве еден Sunscreen од мене 😀 (по што времето сериозно почна да се мути кратко после ова).” изјави Бонев на социјалните мрежи, кој заврши како 28ми со време од 5 часа 45 минути.

18301375_dejan todevski

Дејан Тодевски на социјалните мрежи ги наведе подетално причините околу одлуката на судиите:

“DNF – или нашки кажано дискфалификација!!! Стартот беше од Азау од 2350м.н.в до 5642м.н.в – врв Елбрус

Некоја моја забелешка, дел ја сум крив зашто оставив тие 10тина секунди да решаваат дали судитее ке дозволат да продолжам или не!!!

Лимитот до 5350м.н.в беше 5ч и 30м, на таа контролна бев точно негде 10 сек пред истекот на 29мин со уште една русинка која пристигна во истиот момент, и ни сопштија дека немаме право да продолжиме нагор уште неполни 300 висински каде и беше финишот, а имавме преостанато
време 1ч и 30м по некоја математика би се поминале тие 300 висинска!!!
А за продолжување нагоре накај тие 300 висинска беше возможно на сопствена инициатива, но ке немав право следната година за учество, дека правилата се такви 1 година суспензија од страна на Red Fox ElbrusRace!!!

Но што е тука е Елбрус не го оставам и следна година !!! Разочарување нема, само плус мотивација за да се вратам на истово место!!! Лекцијата научена!!!

Организацијата на високо ниво, патеката беше одлично обележана, пунктовите беа добро опремени, во организацијата имаше и окулу 100 души кој се грижеа за натпреварувачите!!!

Посебни честитки до Aleksandar Kirkovski за одличното време од 5ч : 35м кое и Македонски брзински рекорд на Елбрус, и за Marjan Bonev за одличното време 5ч : 45м, и да не го заборавиме 4 член Kiril Filipovski
кој порано си отиде поради смрзнатината кој ја доби, но верувам дека ке си згазеше на трката од 3780м.н.в до 5642м.н.в!!! ”

 

 

peko-run-hike-banner

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки