Marcel Hirscher победи во Шладминг за шлаг, Krsitoffersen видно револтиран гаѓан со снежни топки при второто возење

116035_G08_W01 fis

Големото финале од слаломскиот месец јануари, традиционално се одржа на ноќната трка во Шладминг, Австрија. Фантастична претстава, под рефлектори, со повеќе од 40.000  фанови кои го следеа во живо овој натпревар, знаменосец за сите слаломски скијачи.

Во неделата во Кицбил, Henrik Krsitoffersen успеа да го победи Marcel Hirscher и да ја прекине победничка низа од последните пет слаломи. Но, австриецот го прифати предизвикот и двобојот на највисоко ниво помеѓу нив како “гиганти” на слаломската трка во Шалдинг, при што Marcel Hirscher  го презеде водството во првата трка, +0.20 пред Krsitoffersen.

Во втората етапа, Henrik Krsitoffersen скијајќи низ канонада од снежни топки на кои беше видно револтиран на крајот од трката како и на прес конференцијата на која изјави може и ќе победев, без да го губи фокусот заврши со силни +1.74 над претходниот лидер на трката YULE Daniel. Сепак, тоа не беше доволно за да го победи “кројач машината” Marcel Hirscher . Со ова второ место во Шладминг, Henrik Krsitoffersen освои 8 по ред подиумa во слалом оваа сезона.

Ништо не можеше да ја дестабилизира трката на машина Marcel Hirscher вчера. Со мала разлика од првото возење, австриецот знаеше дека ќе мора да нападне и да притиска до крај, без право на грешка. Тој ја освои деветта победа оваа сезона, шеста во слалом. Hirscher  се израмни со легендата Herman Mayer, со 54 победи на Светското првенство.

Henrik Krsitoffersen и Marcel Hirscher , двајцата ја освоjуваа ноќната трка претходно. Krsitoffersen  три пати (2014, 2016 и 2017 година),  а Hirscher еднаш во 2012 година, но тој ја освои својата прва титула на Светскиот шампион во Шладминг во 2013 година. И двајцата скијаа на друго ниво вчера вечер.

YULE Daniel трето пласираниот само ја потврди својата одлична форма оваа сезона со уште еден подиум. Само два дена по неговата кариерна прва подиум победа на слалом во Кицбил, швајцарскиот спортист докажува дека тој е еден од најдобрите скијачи на слаломот на оваа планета во моментов, репозиционирајќи се на четвртото место од пласманот.

Овој слалом беше последен пред Олимписките Зимски игри во PyeongChang, каде што слалом ќе се одржи на 22 февруари 2018 година. Турнејата на Светското првенство за мажи ќе влезе во својата претпоследна станица во Гармиш-Партенкирхен Германија пред игрите во Кореја.

116081_G08_W01 fis 116035_G08_W01 fis 116082_G08_W01 fis 116032_G08_W01 fis 116077_G08_W01 fis

 

 

OFFICIAL RESULTS (More details here »)

RankBibNameTot. TimeDiff. TimeWC Points
16HIRSCHER Marcel1:43.56100
22KRISTOFFERSEN Henrik1:43.9580
37YULE Daniel1:45.6960
44MYHRER Andre1:45.7450
51MOELGG Manfred1:45.8945
629NOEL Clement1:45.9940
73GROSS Stefano1:46.0336
810FELLER Manuel1:46.0532
920MUFFAT-JEANDET Victor1:46.5329
1022NORDBOTTEN Jonathan1:46.5826
1117SCHWARZ Marco1:46.7024
1215RYDING Dave1:46.7322
1316ZENHAEUSERN Ramon1:46.9920
1412AERNI Luca1:47.0018
158FOSS-SOLEVAAG Sebastian1:47.0116
1621GRANGE Jean-Baptiste1:47.2815
1728READ Erik1:47.3414
1825STRASSER Linus1:47.6113
1942STEHLE Dominik1:47.7012
209DOPFER Fritz1:48.1911
2126DIGRUBER Marc1:48.2410
2113PINTURAULT Alexis1:48.2410
2319NESTVOLD-HAUGEN Leif Kristian1:49.668
2443BUFFET Robin2:04.06
2511LIZEROUX Julien2:06.86
2636ENGEL Mark2:08.14

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки