Масивни снежни врнежи, низ Zermatt илјадници туристи заглавени

Zermatt2

Илјадници туристи се заглавени во швајцарскиот ски центар “Zermatt” кој е отсечен со голем снег за втор пат годинава.

Соседниот скијачки центар во Италија, блиската Cervinia исто така беше покриена со снег со тоа што властите ја кренаа тревогата за лавина на 5ти степен на скала од 5 – највисока забележана низ Швајцарските и Австриските Алпи во неделата.

Гостите беа евакуирани со хеликоптер од Zermatt во вторникот наутро поради прекин во патниот транспорт и конекциите. Исто така, беше блокиран и железничкиот транспорт кон Шамони.

Секој плаќа по 70 Швајцарски франци за превоз со хеликоптер до Stalden, но овие петоседните хеликоптери на Air Zermatt беа пребукирани.

Согласно туристичката канцеларија на Zermatt: “окулу 1,200 билети биле издадени во понеделникот со што бил искористен максималниот капацитет за неколку дена.”

Во меѓувреме туристите затечени во ски центарот беа замолени да останат мирни во очекување на властите да го пробијат снегот и разбијат лавините. Големите снежни врнежи оставија окулу 13,000 луѓе “заробени” во Zermatt пред само две недели.

Швајцарските власти ги затворија скијачките патеки и планинарските патеки како и сите железнички служби и жичари, ски лифтови што водат до и од популарниот скијачки центар заради екстремниот ризик од лавини.

Zermatt 3

Zermatt (2) Zermatt

 

Најново…

Некои алпски регионите се фаќаат за глава – Saas Fee

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки