ТИМ И СПОРТОВИ

  • Се пријавува тим од 4 – 6 члена
  • Секој тим мора да е пријавен од страна на компанија
  • Компаниите може да пријавуваат повеќе од еден тим
  • Еден тим мора да избере најмалку 4 спорта (трчање, велосипед, кајак, стрелаштво, стреличарство, фрлање на копје во мета, пикадо) во кои ќе се натпреварува
  • Eден член од тимот може да се пријави да учествува во повеќе различни спортови
  • Трката со џип и мотор не влегуваат во официјалниот натпреварувачки дел и се ревијални, односно, пријавувањето ќе биде на денот на одржувањето.
  • Секој тим треба да учествува и во Adventure Games
  • Секој тим сам одлучува кои членови во која игра ќе учествуваат во Adventure Games (секоја игра се извршува со не повеќе од 4 члена)
  • Секој тим мора да има барем една жена учесник

НАПОМЕНА: Право на учество имаат оние кои активно (професионално) не се натпреварувале од 2005/2006 година.

БОДУВАЊЕ И ПОБЕДА

  • Во бодирањето влегува само најдобриот резултат од тимот од секоја дисциплина во која учествувал а не спаѓа во ревијалните

    Пример: Доколку од еден тим двајца натпреварувачи учествуваат во стреличарство, во главниот резултат ќе се брои само еден резултат, односно, резултатот/бодовите од оној кој е подобро пласиран во однос на другиот

  • Бодувањето на Adventure Games е според постигнатите резултати (најдобро време за извршување на активноста) на секоја поединечна игра
  • На крај се собираат поените од двата дена, од Sport Challenge и Adventure Games и се прогласуваат најдобрите тимови според листата на бодирање

УЧЕСТВО

  • Пријавувањето трае до 20.05.2017 година, котизацијата е бесплатна. За да пријавите тим аплицирајте на marketing@bistra.com со назнака “Учество во ММА 2017” ќе ја добиете апликацијата за учество како и други потребни информации;

НАПОМЕНА: Учеството во настанот со свој тим е бесплатно. Сместувањето како и трошоците за храна не се покриени од организаторот, но ќе бидат понудени промотивно ниски цени за сместување со појадок во хотелите на Ски Центарот Маврово како и храната на пунктовите за пикник.

18193373_Mavrovo Maximum Adventure