Мавровски рулет на регионалниот пат Маврови Анови Дебар

karabula sv jovan bigorski mavrovo lavina debar (2)

Втора лавина на регионалниот пат Маврови Анови – Дебар.

Денес рано изутрина поради нова лавина во близина на Манастирот „Свети Јован Бигорски“, патниот правец Маврово- Дебар повторно беше затворен за сообраќај. По лавината која се урна вчера околу 18 часот, новата се случи денес во 5 часот изутринава. На патот во два наврати “паднаа од небо” неколку илјади кубни метри снег. Но, што е тука поважно за нас како промотори на добрата слика за туризмот.  Патот ни наликува на “Мавровски рулет”, возењето претставува вистинска томбола…. Дали некој некого предупреди за можната опасност? Дали воопшто заради овие смртоносни причини некој до сега го затворил патот превентивно?! Зар треба да чекаме ваквите страотни лавини да поклопат , возила, камиони или цел автобус патници, па покрај шокот на локално ниво, медиумски да блеснеме низ светот како некоја крајно језива сцена од Непал или Бангладеж каде летнал автобус во дол и студена река.

Сепак сме Европа, а сликата за добра дестинација треба да ја менаџираме многу чекори однапред.

Ваквите ситуации можеби се коплексни за целиот регион по течението на реката Радика се до Дебар, каде бројно население го користат овој пат како главна артерија. Но дека оваа делница треба да се реши на долг рок, треба. Дека за време на големи снежни врнежи, потребно е комплетна забрана за движење на било каков сообраќај е повеќе од неизбежна.

 

Во вакви денови кога во еден ден имате 50 см нов снег, очекувано е низ овие високо ризични делници да се случат лавини, впрочем тие секоја година се случуваат како редовна процедура после големи снежни врнежи, регионот и рељефот се такви.

karabula sv jovan bigorski mavrovo lavina debar

Превентивни решенија постојат, тоа се тунели, преместување на дел од трасата, лавински огради во горните зони под врвот Карабула и секако можеби една од наједноставните опции е барем, превентивно и контролирано празнење на натрупаните количества снег со шок експлозив.

snow_net_21

avalanche snow fences

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки