Медицински соодветна нега и заштита на кожа на планина и скијање

Стручен совет од Д-р. Вероника Давчева Битољану Спец. дерматовенеролог  12003239_dr. veronika vividerm

Сонцето на планина честопати може да биде далеку поагресивно одколку покрај море или езеро. Изложеноста на кожата на сонце како и под влијание на ветар, доколку не ја третирате соодветно , може да заработите сериозни изгореници, пликови и  долгорочни оштетувања на кожата.

Како да ја заштиме кожата во зимски услови

Во зима сувиот воздух во надворешна средина како и на затворено имаат штетни влијанија на кожата и доведуваат до нејзино сушење, иритација т.е чешање и пукање на кожата. Студениот ветар , ниската влажност на воздухот и греењето се најчести фактори за губење на влажноста од кожата.
Во овој период важно е да се заштити и негува кожата со цел здрава, хидрирана и млада.

Следниве чекори се корисни:

Чистење и миење

Многу често е погрешен концептот дека треба да бидеме перфектно чисти, луѓето многу често употребуваат премногу иритативни сапуни додека се бањаат да ја постигнат таа цел.  Во овој случаj кожата е многу поздрава кога природните масти од телото не се стругаат (отстрануваат) со агресивно и премногу често туширање и миење. Така и самата кожа обезбедува одбрамбен систем од надворешни влијанија на кои сме изложени посебни при движење на планина и низ природата.

За тело пропорачливи се меки сапуни или нежна купка кои содржат ланолин.

Lotion Linola, Eucerin Urea 5,10%, Uriage Xemose, Bioderma Atoderm крем

За лице користете хидратантни лосиони за чистење и избегнувајте употреба на сапуни. Овие чистачи за лице (клинсери) се нанесуваат со рака никако со некоја ткаенина, сунѓер. Колку сме понежни со нашата кожа толку ќе биде поздрава.

Мицеларна вода Bioderma H20 sensibio, Мицеларна вода Gamarde

Влажнење – хидрирање

Ако обично не аплицирате препарати за влажнење на лицето и телото сега е време за тоа. Ако користите навлажнувачи за лице сега треба да се користат уште повеќе.Мастите повеќе навлажнуваат од кремите, а кремите повеќе од лосион. Добро е да се навлажнува телото веднаш после туширање, најдобро 3-5 мин после туширање.

Да се избегнуваат топли туширања

Топлата-жешка вода може да ги наруши природните липиди кои ја навлажнуваат кожата. Треба да се прескокнуваат ваквите топли туширања или да бидат многу кратки и одма после тоа да се стави лосион за навлажнување-хидрирање.

kolazturisti

Употреба на навлажнувач за воздух

Зимскиот ладен воздух надвор и сувиот воздух внатре исто така допринесуваат за сушење на кожата.

Рацете односно кожата на рацете најчесто се уништува во зима (испукана кожа и ранички), мора да се ставаат креми и масти веднаш после миење и задолжително носење на ракавици

Не треба премногу да сме облечени особено децата затоа што тоа предизвикува потење и  го потенцира чешањето и иритацијата на кожата. Облеката треба да биде од природни материјали и да се избегнува синтетика.

При скијање и планинарење во зимски услови 50 СПФ заштита кај сите луѓе без разлика каков тен имаат и балсам за заштита на усните со СПФ заштита.  Во летни услови СПФ фактори мин 15 СПФ кај луѓе со поцрн тен.

Avene, Mustela, Bioderma Spf и балсам за усти Еucerin

Стручен совет Д-р. Вероника Давчева Битољану Спец. дерматовенеролог

 

Vividerm ordinacija

 

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки