Меморијал Стеве Илиески – Караѓуле – Попова Шапка 2018 год

01 sarplaninski kup za deca 2015 popova sapka

Следи го настанот

На 18 Февруари, 2018 (недела) со почеток во 09 часот во Ски – центарот Попова Шапка на падините на Шар Планина ќе се одржи традиционалното, седмо издание на велеслаломот за деца „Меморијал Стеве Илиески – Караѓуле“ во организација на МК „Александар“, СК „Полар“, Пријателите на Стеве Караѓуле и Ски – центарпт „Попова Шапка“.
Оваа година за првпат на Маморијалот ќе се одржи и Сноуборд за деца.

Пријавувањето за учество на Велеслаломот за деца е на 17.02.2018 година до 18 часот во следниве категории:

1. Снегулки: 2010+ (женски)
2. Снегулки: 2010+ (машки)
3. Помлади цицибанки: Ц1 2008-2009 (женски)
4. Помлади цицибани: Ц1 2008-2009 (машки)
5. Постари цицибанки: Ц2 2006-2007 (женски)
6. Постари цицибани: Ц2 2006-2007 (машки)
7. Деца 1: Д1 2004-2005 (женски)
8. Деца 1: Д1 2004-2005 (машки)
9. Деца 2: Д2 2002-2003 (женски)
10. Деца 2: Д2 2002-2003 (машки)

Повеќе информации на: 070/209 548, 070/240 746 и 076/404 076.

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки