Mikaela Shiffrin не ги крие големите Олимписки соништа и надежи

mikaela-shiffrin-slalom

Скијачката од САД Mikaela Shiffrin не ги крие големите Олимписки соништа и надежи

Како најмлада Олимписка победничка во слалом со златен медал во Sochi само на 18 години, со нејзините 10 победи од Светскиот Куп оваа сезона е во неверојатен победнички ритам невиден уште од времето на Ingemar Stenmark.

Постепено Shiffrin ги додаде брзите дисциплини во нејзиниот распоред — но ако ја споменеме кралицата на спустот Lindsey Vonn — веројатноста за освојување на сите пет златни медали на овие игри е нереално. Иако Shiffrin ја зеде првата победа во спуст на Светскиот Куп оваа сезона и заврши трета во две други трки.

Но ако и спомнете колку е дрско да помисли на една нејзина чистка со златните медали, таа ќе го повиши гласот.

“Јас така мислам,” Shiffrin вели уште во Септември на едно прашање при обраќање кон медумите од страна на Олимпискиот Комитет на САД – дали пет златни медали се физички изводливи. “Па еве прашајте го Michael Phelps. Знам дека не е исто но ете во пливањето имаше уште повеќе дисциплини.”

Shiffrin говореше и за амбициите и за тоа како различно се перципираат кај женските и машките спортисти. Сепак победувањето не е тоа што ја мотивира Shiffrin туку желбата и напорите да се биде најдобар во светот во тоа што го прави, а природно отткука произлегуваат победите.

Па зошто тогаш да не се изјасниме за ова? Дали кога Usain Bolt вели дека ќе освои три злата и машките спортисти ги славиме за нивната храброст да изјават самоувереност додека за женските велиме дека е дрскост ?

“Доколку оставам свое наследство, тоа ќе биде идејата и теоријата да им се посветиш на амбициите и не дозволуваш другите да ти кажат дека е погрешно да имаш такви амбиции.

“Се додека сакаш да работиш на нив — не можеш да очекуваш дека едноставно ќе ти биде сервирано само затоа што имаш соништа. Но доколку си спремен да работиш тогаш треба да им се посветиш пред се на амбициите,” Shiffrin вели. “а за многу спортисти тоа ја прави разликата помеѓу достигнувањето на нивната цел или не.”

Земајќи предвид што се оствари досега, тогаш е тешко да ја спориме нејзината теорија.

Нарекувана Феномен од Sochi — Shiffrin со новите победи во Светскиот Куп се етаблирашњ во најсестрана скијачка во светот.

Со освојувањето на Светскиот Куп и титулата во генерален пласман минатата година, таа стана најмладата која го освои кристалниот глобус од 2003г а исто така е веројатно дека ќе ја придодаде и овогодинешната титула.

mikaela-shiffrin-sixpack

Во прилог на нејзината конзистентност, Shiffrin се искачи на подиумот цели 59 наврати од 128 стартувања во Светскиот Куп. Па замислете си во спорт каде ништо речиси не може да се контролира од услови на патеките – таа освои медал на речиси половина од трките.

Shiffrin толку стана доминантна што сега се очекува да победи на сите технички дисциплини.

Таа оди на Pyeongchang после едно некарактеристично прекинување – незавршување на последните две трки со грешка на последната.

Ова претставува најголем предизвик за неа , можеби поголем од сите други скијачи.

“Секогаш велев дека моите очекувања се поголеми од се што може другите да ми наметнат,” Shiffrin вели. “Но кога ќе прочитам коментари на таа тема во медиумите се прашувам дали навистина веруваат во моите очекувања дека ќе освојам се?’ Потоа чуствувам дека треба да се правдам доколку не ги остварам овие очекувања.

“И тука ми настануваат проблемите бидејќи почнувам да ги насочувам мислите во погрешна насока.”

Shiffrin најмногу го почуствува императивот за победа во изминатата сезона, кога вели дека повратила пред неколку трки. На крајот сепак сфатила дека тие очекувања— исто како и осудувањата на амбициите – немаат многу врска со неа.

Таа се трка бидејќи тоа го сака. А прашана зошто се потсеќа на на скијањето со нејзините родители, братот и пријателите во детството во Colorado е вечната дебата дали да се пуштиме уште еднаш или да влеземе во бачило на топло чоколадо.

“Кога се враќам на снегот, исто е како да патувам назат во времето со тие чуства кои ги имав порано, тоа младешко, 6-годишно “nothing else matters”, и како ти да си центар на универзумот чуство,” вели таа.

Има тука и ментална гимнастика. Да го одредиш најбрзиот пат долж планината, а тренингот нагоре и надоле по планината — тоа го овозможуваат тренинзите.

Но победувањето — повторно и очекувањата кои се појавија како последица на тоа, се за другите луѓе. Нејзините амбиции – нејзината цел и трудот кој е потребен за да се остварат , тие и припаѓаат на нејзе.

Mikaela Shiffrin не се извинува за големите амбиции.

“Си поставувам самата очекувања, со изјави од типот, ‘Сакам да освојам пет златни медали!’ доколку останам со празни раце, можам само себеси да се обвинам за тоа колку ќе ги разочарам сите,” вели таа. “но во истовреме, незнам која е поентата на животот, а секако не се пет златни медали.”

Дали останавте со кренати веѓи како ги дознавте нејзините амбиции, но Mikaela Shiffrin тоа баш и не ја засега. Допрва има поголеми планини да искачи.

Mikaela Shiffrin

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки