Надминување на ефектите од висинска болест

Благосостојба на планина и надминување на ефектите од висинска болест.

Ветеранот во алпски ултра маратони, докторка Пушпа Чандра е искусна во аклиматизацијата на екстремни височини – главобоки, несоница, недостаток на здив, лошење, деориентација и отекување на екстремитети. Додека акутна болест од големи височини може да варира од умерена до непријатна па и во некои случаи фатална, симптомите може да влијаат на секој човек различно на различни височини.  Др.Чандра дава совети како да се надминат овие ефекти.

pushpa-chandra-marathon

ИСХРАНА

Кога се спремате за патување на голема висина, совет е едноставен: јадете го тоа што го јадат локалците.
“листови од кока и чај од  кока, кои се користат од планинските луѓе што живеат на голема надморска висина е подобро од било кој медикамент против висинска болест” вели таа. “исто така и супа од лук , за време на процесот на аклиматизација ќе завршите со многу слободни радикали во вашиот систем и вашето тело е под голем стрер, како што објаснува таа ,” “околу 6 недели пред патувањето, внесувам доста хранливи материи и антиоксиданси(овошје, зеленчук и мешункасти плодови).”

Др.Чандра предлага суплементи кои ја подобруваат циркулацијата како Гинко Билоба (па дури и Виагра).

Нејзиниот совет е да го оставите црвеното месо, кое има доста киселини вели Др.Чандра. “кога се наоѓаме на големи висини телото креира доста јаглерод диоксид кој е исто така токсичен. Затоа се базирам на сложени јаглехидрати без црвено месо воопшто.”

ХИДРАТАЦИЈА

Човечкото тело губи околу 700мл течност на ден само со дишење, разговор и потење според Dr. Chandra. На голема надморска висина, органите работат под висок напон, се забрзува три пати дишењето и губењето течности се зголемува на дури 3 литри — без поголем физички напор или активност. Дополнителен проблем прави и силното сонце, па на тие висини, водата е пријател на вашето тело.

Др.Чандра предлага да се зголеми пиењето вода до најмалку 3 литра на ден, уште 6 недели пред вашето патување се со цел да им се дозволи на бубрезите и другите органи да се адаптираат на промената. За време на периодот на адаптација, телото се бори константно и пружа отпор но со нагло внесување на поголемо количество течности може да предизвикате шок и дополнитлен проблем.

Спиење
Прашајте ги сите што патувале на високи дестинации и ќе ви раскажат за несоница. “Кога сте на голема надморска висина, вашето тело и умот се секогаш под штрек, ,” вели Др. Чандра. “Напорите на вашето тело да ја одржи функцијата на виталните органи—практично хипервентилира—го зголемуваат нивото на јаглерод диоксид што го подигнува и забрзува пулсот и прави тешко да заспиете.

Затоа е битно во подготовките добро да се одморите и наспиете, за кога ќе стасате на дестинацијата да не бидете поспани, за да прифатите дека не би можеле убаво да се наспиете првите неколку дена.

Со умерени вежби за дишење, медитација и избегнување на стимуланси и алкохол исто така е битно да се чуствувате одморено кога ќе ги фатите падините наутро.

Планирање и психичка припрема
во идеален свет, планинарот или алпинистот постепено ќе ја зголемува надморската висина на секој два дена а со тоа и постепено прилагодува на промената.

Но најчесто кога одиме на одмор или директно во ресорт на еден ден или во еден ден одиме на големи висини па доколку е возможно не ја закажувајте вашата backcountry авантура веднаш по пристигнувањето. Дајте си време, започнете постепено да го зголемувате интензитето на активностите и за време на првите 48 часа внимавајте на дишењето.

“Направете неколку чекори, па застанете и земете воздух и спремете се. Не би сакале да останете без здив, а со тоа вашите бели дробови да се добијат воспаление.”

А доколку почуствувате симптоми на висинска болест, што да направите ? Спуштајте се и симнувајте се надолу низбрдо, па макар и за ручек. Доколку вашите симптоми станат акутни и се влошуваат наредните 48 часа , тогаш побарајте медицинска помош.

——————————————————————————————————————————-
Др. Пушпа Чандра е 58 годишна докторка од Ванкувер, родена во Фиџи, а се занимава со натуропатија – алтернативна медицина е екстремен ултра маратонец . За да го прослави својот 50ти роденден во 2008г таа учествуваше и трчаше на маратони и ултра маратони на сите 7 континенти вклучително и на Монт Еверест Маратонот , на Антартикот како и на Северен Пол Маратонот и тоа на температура од под 40 степени целзиусови… Др. Пушпа Чандра е специјалист во надминување на физички и ментални бариери.

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки