Најдобри ски центри во текот на летото низ Европа

Ги има неколку претежно поставени на глечерите низ алпите на висина од 3000 до 4000 метри. Овие ски центри функционираат скоро низ цела година, а дел од нив се втор дом на нашите ски клубови и репрезентативци во алпско скијање. Инаку повеќе од доволни за снежни манијаци, навлечени на ладно и снег, ова би дошло како добра студена бања од пеколните летни денови кои допрва доаѓаат.

LES 2 ALPES, Франција

Les 2 Alpes ја поседува една од најголемите ски области во лето. Глечерот Mont-de-Lans е отворен од средина на јуни до доцна во септември. Железница може да ве транпортира директно до ски терените. Има 8 ски патеки, две зелени, четири сини и две црвени. Les 2 Alpes располага и со снежен парк, биг аир, шини, цевки, полуцевка долга 120 метри итн. Лифтовите низ центарот работат од 07:15 до 12:30, a полудневна карта изнесува 28 евра.

les_deux_alpes_glacier_snowpark_2
Les 2 Alpes

HINTERTUX, Австрија

Hintertux е еден од неколкуте глечери кои функционираат 365 дена. Летното скијање покрива 22 км патеки, опслужени од 9 лифтови. Центарот нуди широк спектар на патеките за сите потреби и е познат по неговите стрмни и предизвикувачки патеки. Во рамките на центарот има и снежен парк за фристајл тренинзи. Hintertux  е честа дестинација на нашите ски клубови и репрезентативци во алспко скијање за тренинг преку целата година. Дневната карта од мај до октомври е околу 43 евра.

Hintertuxer-Gletscher
Snow park Hintertuxer
13173250_ask skadi hintertux alpine skiing
ASK Skadi Скопје

TIGNES, Франција

Tignes заедно со глечерот Grand Motte нуди две варијанти на уживање, скијање во лето и основната варијанта пливање и сoнчање на езерото близу центарот. Глечерот Grand Motte има различни патеки слично како и Hintertuxer , сини, црвени и црни, на кои носат жичници и ски лифтови. Летниот распоред е од средината на јуни од средината на септември. Најпопуларна е North Face, не многу стрмна патека, но знае да биде малку студена. Центарот функционира од 7:00 до 13 часот, a после тоа ви останува доволно време да поминете и на езерото и да се искористи летото баш како што му доликува.  Цената на ски карта е 28 евра на ден за возрасни.

432f1199d tignes
Tignes
Horizontal
Tignes
 ZERMATT, Швајцарија
Летната варијанта на монденскиот Zermatt покрива околу 25 км скијање на глечерот Theodul Glacier и е отворен од мај до средина на ноември. Пристапот до него е преку големата гондола Klein Matterhorn. Zermatt располага со најдобрите пејсажи и е светски познати по маркантен алпски врв Матерхорн.
Летната ски зона се дели со соседниот италијански ски центар Cervinia, па можете за доручек да сте во Швајцарија, а ски пауза за ручек да поминете во Италија. Има 13 патеки, сини и црвени. Снежниот парк Gravity нуди се што треба да понуди еден светски премиум центар. Дневна ски карта чини 36 евра.
zermatt summer
Zermatt тренинг патеки во лето
zermatt summer 1
маркантниот врв Matterhorn , Zermatt

SAAS FEE, Швајцарија

Глечерска зона на Saas Fee, Allalin е пристапна преку подземна гондола и работи од средината на јули до крајот на октомври. Лифтовите отвараат од 7:30 но за да стигнете до таму ви треба повеќе од еден час, па затоа пожелно е да се станува рано за да се фати добра температура на снегот.  Располага со 20 км патеки повеќето за напредно скијање, а делумно е популарен за тренинг на тимови од алпско и фристајл скијање.  Снежниот парк процветува повторно во лето за време на организирани натпревари проследени со забави. Цената на картата дури и во лето е прилично солена, околу 65 евра по ден за возрасни, но доколку сакате да скијате само на некоја одредена зона, можете да поминете и далеку поевтино.

Nico Vugnier; Saas Fee, Switzerland. PHOTO Ahriel Povich
Saas Fee
410997-saas-fee
Снежниот забавен парк Saas Fee

FONNA, Норвешка

Еден од поегзотичните ски центри е глечерот Fonna далеку на север во Норвешка. Ски центар за кој од старт би требало да издвоите поголема сума на пари, пред се за да стигнете до таму. Лоциран на 1250 метри можеби е еден од најниските ски центри за во лето, но од друга страна е најатрактивен, опкружен со фјордовски пејсажи карактеристични за Норвешка, а и располага со вртоглави количини на снег. Одалечен 2 часа од Берген. Ски центарот има црвени, сини и зелени ски патеки, како и фан парк зона. Цената на картата е слична како алпските ски центри, 40 евра дневна карта, но цените на сместувањето и останатите работи за преживување таму се многу поголеми.

fonnaglacier4
Fonna
17880063_fonna
Fonna

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки