Наместо да ја броиме годината со бројка, сакам да ја измерам со моменти – Mikaela Shiffrin

mikaela-shiffrin-sixpack

Од шумата информации често гледаме да ги извадиме оние информации што ќе ја оплеменат нашата мисла, ќе направат пат за додадена вредност и квалитет во размислувањето. Во прилог обраќање до јавноста на супер ѕвездата од светот на скијањето, младата Mikaela Shiffrin која испрати новогодишен поздрав и за тоа како го брои квалитетот на своето постоење.mikaela-shiffrin-slalom

 

“Ваквиот живот може да биде многу исцрпувачки. Не е секогаш сончево и не е секогаш гламурозно и ретко е совршено.

Но, сето ова и сите часови поминати во теретана, и сите свиоци низ уздолниците, сето тоа вреди кога ќе стапнам на стартната порта и кога ми се враќа насмевката бидејќи знам дека го живеам сонот…

Мора да сум најсреќната девојка на светот:

Како ја мериме годината? Со бројка така ? 1995, 2000, 2018, 2020, 2030 , 3000 ?

Но секогаш ќе има уште една година, уште една бројка.

И таа бројка нема ништо да промени , ќе останат и понатаму сите оние потешкотии и проблеми, страдања, а после сето тоа што го знаеме ќе го снема и пак ќе има уште години – времето ќе продолжи да тече. Па наместо да ја броиме годината со бројка, сакам да ја измерам со моменти.

Животот не би го прикажале како бројот на колку пати сме вдишале туку со моментите кои ни го одземале здивот. “

И затоа сум сигурна дека сум најсреќната девојка на светот…Бидејќи мојата година се состоеше од неброени прекрасни мигови и момети кои ме оставаа постојано без здив.

А заради вас луѓето од мојот тим, моите спонзори , конкуренти, моите фанови , фамилијата, пријателите и мојата љубов, кои го допревте мојот живот на посебен начин со што не можам ни приближно да ви се оддолжам ниту доволно да ја изразам мојата благодарност.

Засекогаш ќе бидам благодарна за сето ова време и целиот напор, страста , љубовта и довербата …како и напорот што сите вие го дадовте со цел да ми помогнете во исполнувањето на моите задачи и реализирањето на моите соништа.

А кога ќе завршам со скијањето, нема да се навратам на мојата кариера преку бројот на победи и рекорди како бројка туку како серија од неверојатни моменти и неверојатни луѓе и сите брендови околу мене кои го чинат ова мое животно патување и ги прават нештата во скијањето да бидат посебни.

Заради вас сите овие жртви, успони и падови се чинат вредни. За сите победи и порази и сето она што е помеѓу, сум многу среќна и благодарна што сме на ова “патување” заедно…

Среќна Нова и наздравје за сите моменти кои допрва треба да дојдат!

Mikaela Shiffrin

113702_G08_W01 fis mikalea shiffrin

I Must Be The Luckiest Girl In The World: How do we measure a year? With a number? 1995, 2000, 2017, 2018, 2020, 2030, 3000? There will always be another year, another number. And that number wont change anything, there will still be war, famine, poverty, cancer, struggle… and far beyond when everything as we know it is gone, there will still be more “years”; time will always go on. So instead of measuring this year with a number, I want to measure it in moments. “Life is not measured by the number of breaths we take, but by the moments that take our breath away.” And this is how I am certain that I must be the luckiest girl in the world. Because my year has consisted of countless wonderful moments that left me constantly trying to catch my breath. Because of you, my sponsors, my competitors, my fans, my friends, my family, my Love, you all have touched my life in a way that I can’t even begin to repay, and I can’t express my gratitude enough. I will forever be grateful for the time, the effort, the passion, the love, the trust, the work that you all put into the task of helping me make my dreams come true. When I am done ski racing, I will not look back on my career as a number of wins or records- instead, I will look back on my career as a series of incredible moments with all the incredible people and brands around me that made this whole journey so much more special than simply ski racing. You make everything worth it, the ups and downs, the triumphs and failures, and every moment in between. And I am so happy and thankful that we are on this journey together. Happy New Year! And cheers to all of the moments still to come! ❤️

A post shared by Mikaela Shiffrin (@mikaelashiffrin) on

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки